☉ иМАГиНАРиУМ ☉изборКоментари

Кој ги спасил Евреите од Бугарија?

На почетокот на втората светска војна, Бугарија повторно ги разгорува великите претензии.


Надевајќи се за територија од соседна Тракија и Македонија, Бугарија приклонета кон Фирерот, објавила повторно владеење врз овие земји. За возврат, Германија побарала од владата да примени строги закони кон Евреите, како дел од договорот. Благодарение на толерантната популација, царот Борис Трети успеал да ја забави послушноста кон Фирерот, но не за долго. Притисоците станувале сè посилни. Во март 1943та, Борис потпишал  депортација на 11,343 Евреи од Тракија и Македонија. Пратени во Аушвиц, преживеани 12.  Кога информацијата за депортацијата допрела до народот, царот се скрил, за да го избегне бесот на сопствениот народ, но и на Германците и нивните агенти.

Случките што следуваат се едни од ретките  судбоносните пресврти во историјата…

Директивата потпишана од царот Борис стигнала во рацете на еден од следбениците на Учителот Петар Д’нов. Откако бил информиран, Учителот веднаш се обратил кај друг негов ученик, военото лице Љубомир Лулчев, и го испратил кај царот со абер за негово предомислување. Д’нов знаел дека ужива почит кај Борис, а и дека ученикот е на добар збор во дворот. Најди го царот и кажи му дека ако остави евреите да бидат однесени во Полска, тоа ќе биде крај на неговата династија.
Лоцирањето на царот не било лесна задача. Борис уште бил скриен и дури најблиските советници незнаеле за неговата локација. Лулчев очајно ја пребарал земјата, но како времето изминувало се решил да се врати кај Д’нов за помош. Според една биографија, Д’нов медитирал во собата неколку минути, концентриран врз локацијата на Борис. Излегол изговарајќи еден збор: Кричим. Тоа било името на град/дворец во јужна Бугарија. Лулчев веднаш тргнал натаму и се сретнал со прилично изненадениот цар.

Наскоро, Борис повикал да се ослободат сите Евреи кои што чекале депортација. Ваквата постапка на царот била предизвикана како од појавата на Лулчев и притисокот од неговите сонародници, така и од силата на советот на Д’нов. Парламентарците се здружиле за да ја заштитат еврејската популација, но бидејќи царот се криел, останале со “врзани раце”. Вмешувањето на учителот Петар Д’нов во целата ситуација го променило текот на настаните.
Хитлер бил и повеќе од иритиран од пресвртот на настаните, како и од одбивањето на Борис да се вклучи во војна против Советскиот Сојуз. Во Август 1943тата, Фирерот го пречекал царот на приватна средба во источна Прусија – патување од кое што Борис никогаш не се опоравил.

Се вратил изморен и во депресија и починал мистериозно само неколку денови подоцна, на 49 годишна возраст. Нашироко се шпекулира дека на приватниот состанок била изиграна валкана игра.

Во 1944 Советските сили влегле во Бугарија, а Петар Д’нов починал два дена пред комунистичките власти да го уапсат за неговите спиритуални учења. Владата продолжила да ги малтретира и прогонува неговите следбеници сè до падот на комунизмот во 1989.
Пред да почине, Учителот Д’нов за свој наследник го определил Михаил Иванов, родум од селото Српци во Македонија.
Текстови од Михаил Иванов (кликнете овде)
 

Related posts
Коментари

За епископијата на Свети Климент

Коментари

Свети Климент Охридски или Велички(Белички)?

Коментари

Сложно Свети Николе! (четврти дел)

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Leave a Reply

Your email address will not be published.