Македонија

Кај што текло, пак ќе тече

Набљудувајќи ги древните творенија од денешна точка на перцепција, можеме да дојдеме до заклучоци кои што би биле аналогни со информациите достапни во широко популаризираните книги и учебници, но не и со самата вистина преку и поради која се создадени тие древни градби. Во минатото како да постоеле два паралелни света, еден на обичните луѓе и еден на владетелите – градители. Преку созерцувањето на самите градби, нивната поставеност во однос на основните природни маркери и начинот на ѕидање, би можеле да дојдеме до состојба на свест од која што јасно може да се определи различноста во спознавањето на реалноста – тогаш и сега.
При набљудување на теренот сведочиме за конфигурација од која што може да се издвојат три различни вида:

  1. Рамнинска (огромна површина на обработлива рамна површина),
  2. Ридови (повисоки од 600м надморска висина)
  3. Висорамнини (на најчеста надморска висина од 300 до 550м).

Последните се забележуваат не само овде туку и во повеќе делови на Македонија, особено во регионот од Овчеполието до Дојранското езеро.
Сеќавањата од не толку одамна, сведоштвата пренесени од пред две генерации, јасно говорат дека пред еден век флората и фауната биле значително поразлични од истите денес, а тоа само пред стотина години и сал Бог знае како било пред илјадници. Во близина на многу од селата постојат месности коишто носат име кое потсетува дека таму некогаш имало голема стара населба. Топонимите: голем град, мал град, стар град, нов град, градче, градиште јасно укажуваат дека некогаш баш овде имало развиени древни населби. И тоа од различни ери и епохи.
Скоро сите стари цркви биле изградени непосредно до извори на вода. Дали во древни времиња на истите тие места имало храмови или градби со некаква друга намена, не знаеме. Знаеме како да ја определиме поставеноста на истите според страните на светот. Но, не треба да заборавиме дека не толку одамна Север и не бил баш онаму кај што е сега. Присуството на скаменети школки под самите врвови од ридовите дополнително ја зголемуваат мистеријата околу прастарото езеро. До каде му било дното не е познато, како што не е утврдено и колкава била висината на нивото на водата. Присуството на многу површински артефакти од коишто повеќето со сигурност можат  да се датираат во периодот кога територијата од  Дојранското езеро до Овче Поле била населена со пајонски племиња, сведочат за неистражената стара цивилизација. Веќе пронајдените Пајонски свештенички и нивните прибори за режење на афионовите чушки ја отсликуваат  духовната релност на древните народи и нејзиното секојдневно практикување во материјалниот свет. Дали остатоци од истото езеро под земја опстојуваат и до ден денес? Многу веројатно.
Кога човек ќе се умори од демистифицирањето на народните легенди и преданија преминува кон мерење на она што е опипливо од сетилата. Привилегија е да се битисува во регион со скоро 300 потврдени археолошки локалитети, наоѓалишта со старост од 6000 години пред нашата ера, древно племе од првиот милениум пред нашата ера и многу видливи и невидливи творенија. Овде Пеонците биле изгорени до темел од Римјаните, овде биле и последните војни на домородците против нив. Тоа било пред околу 2160 години, исто колку што треба и за еден астролошки циклус. И намерно и случајно, Рим е обратно од Мир, а Рома од Амор сите ликови се вистински а приказната под притисок да престане. Но никогаш нема да можете да го контролирате раскажувањето на приказните. Тие го содржат светот, она што е свето и опстанало пркосејќи му на времето. Тука библиските топоними се присутни низ целото поле, тука – каде се до градењето на железничката пруга во минатиот век народот функционирал со размена, иако парите постоеле.
Па, златото ли е злото или недостига капата на попот? Го гледате ли крстот над Свети Николе? Свети ли Свети Николе? Колку цркви имало во градот на Свети Никола? Каде е водата од Овче Поле која течела кога нашите баби и дедовци биле деца? Ве печат ли очите кога ќе погледнете во Сонцето? Заборавивте ли дека на небото има ѕвезди? Под нас секако течат цели реки. Од кај вас се гледа ли млечниот пат?
are you
Кај што текло, пак ќе тече.
Никола Ристевски

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *