Лоза

Случајно или намерно? Бог знае

Во неколку наврати на различни места беше споменат знакот кој што се гледа од небо, навидум чудниот симбол нацртан врз една тумба на сред Овче Поле. Според македонската транскрипција на демотското писмо, станува збор за посвета на Големата Мајка од Првородениот Син. Симбол со слични форми постои во Линеарното Б писмо, користено во темната доба пред нашата ера. Според формата на “стрелката” и информациите дека древните народи добро го познавале небото и случувањата околу Северница, јасно се гледа сличноста на формата со онаа на соѕвездието Касиопеја, именувано според една од кралиците на Етиопија.

Географски, на север од ова место е Кокино, а на југ – Алшар.

   Соѕвездието има различна позиција во различните годишни времиња.


Користејќи софтвер со кој што можеме да ја набљудуваме положбата на ѕвездите од која било точка на земјата, во кое и да е време (софтверот овозможува информација за повеќе илјади години напред и неколку илјади назад во времето), побаравме на кое изгрејсонце Касиопеја е поставена точно  над нашата тумба.


Чудно, дури и вознемирувачки – поставеноста на ова соѕвездие на небото токму онака како што тумбата е на земјата, отсликувајќи прекрасно огледало, е во периодот од 20-24 јули.

Според историчарите, во еден од овие денови е роденденот на Александар Македонски.

Роден е во 356тата година (20-24 јули) пред нашата ера. Починал на 11 јуни 323тата во Вавилон на 32 годишна возраст. Недостасувале околу шест седмици, 40тина дена за да наполни 33 години. Според повеќе традиции низ светот, на душата и требаат токму толку – околу шест седмици за да се прибере на оној свет.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *