Македонија

Игор Станоевски – IGI MAN

Младиот македонски гитарист Игор Станоевски на јавноста и е познат по своето музицириње со повеќе познати имиња и домашни групи, но и како автор на сопствена музика. Повеќето веројатно го препознаваат под псевдонимот Igi Man.

Влијанието на култните гитаристи од човековата историја и те како се чувствува и во авторските дела на Иги Мен. Неговите преработки на врвните нумери од музичката историја се обележани со посебниот белег на овој млад македонски виртуоз.

Во 2003та  Игор Станоевски станува ендорс на Yamaha за Репубика Македонија – титула Гитарист на Yamaha. Во наредните години настапува во повеќе клубови низ Македонија, промоции на книги, изложби и секаков друг тип на културни манифестации. Во 2006 на 19 год го отвара Македонскиот Блуз Самит каде настапуваат најеминентните македонски блуз бендови. Во 2009 снима ТВ Блуз Шоу – Modern Vintage за тогашна К-15 ТВ во живо осврнувајќи се на блуз стандардите во неговите обработки, по што добива рецензија за песната Red House од Џими Хендрикс од сопственикот на светски познатата блуз издавачка куќа Алигатор Рекордс – Брус Иглуауер, споредувајки го со водечките американски гитаристи од неговата генерација!


Во 2010та го отвара Македонскиот Блуз & Соул фестивал со свој концертен настап, а потоа гостува на настапот на Грег Врајт – гитаристот на Мајкл Џексон од најпознатата турнеја Трилер.

Воедно се појавува и како гостин на настапот на Грегор Хилден Бенд – еден од најпознатите блуз гитаристи од Германија.


Во 2011та година на македонскиот Блуз & Соул фестивал е гостин на светски познатата пејачка Шакура Саида – добитник на Канадско Греми во чиј бенд свиреше Дона Грантис (моментално гитарист во бендот на Принс) и изведоа спектакуларна изведба на песната Born under a bad sign.

На познатиот интернационален онлајн натпревар PlayCrossroads организиран од Ерик Клептон и корпоратцијата Ерни Бал во конкуренција од преку 2600 гитаристи и артисти од целиот свет Igi Man беше првично на 5то место а завршува на 7мо место  натпревар на кој беше воедно и Артист на денот  заедно со  Филип Сајс кој пак победи на натпреварот рангиран на 17то место, 10 места позади Игор, заедно со Ана Попович.

Во последниот период пласира низа на нови авторски песни на неговиот YouTube канал, инструментални и инструментално вокални, кои заедно со обработките од светскиот опус на стандарди достигнуваат бројка од 40 песни, меѓу кои и мултумедијалниот проект Blues in a bottle (Блуз во шише) кој е приказна сама за себе.

Неодамна ги објави новите авторски нумери, Away и Circus.


Меѓу другото, Игор Станоевски – Igi Man e и композитор аранжер, текстописец, академски вајар и мултумедијалец кој неуморно работи на проширување на границите на естетиката на ликовната и музичката уметност.





YouTube channel
FB Fan Page

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *