Голем интерес во светот предизвикува индијанското племе Хопи, што живее во САД, во резерватот на североисточната држава Аризона. Овој интерес не е само поради тоа што племето Хопи има големо знаење за светот и за човекот кои се мошне слични на езотеричните знаења кои се карактеристични за Индија и за Тибет, туку и поради пророчките и исцелителните моќи на претставниците од ова племе. Хопите ги претскажувале Втората светска војна и војната во Ирак. Меѓутоа, според нивното мислење, Војната во Ирак може да доведе до Трета светска војна. Хопите ги претскажувале опасните земјотреси во Калифорнија, во Јапонија и во Турција – при што нивните претскажувања се оствариле. Според некои податоци, дознавме дека Хопите дури и ја претскажале трагедијата во САД која се случи на 11 септември 2001 година. Хопите го претскажале овој настан една година пред да се случи. А на крајот, Хопите ја претскажале и апокалипсата! Старешините на индијанското племе Хопи ја чуваат со векови тајната на пророштвото на некое божество за иднината. Во овие пророштва се зборува дека на земјите на Индијанците ќе се појават белите луѓе, за создавањето на автомобилот, за Втората светска војна и за крајот на светот или, пак, во секој случај, за периодот на тоталните катаклизми кои можат да однесат милиони животи. Томас Мајлс, кој во својата книга ги опишува многубројните пророштва на Индијанците, пишува дека во тајната книга на старешините Хопи постојат стотина различни претскажувања, а околу 80 од нив веќе се исполниле, 104-годишниот старешина Ден Евахема, кој живее во резерватот на територијата на Аризона, му раскажал на Мајлс за пророштвата. Според легендите на Хопите, нивните предци биле предупредени за доаѓањето на крајот на светот пред околу 1100 години од нивниот пророк и духовен учител по име Масо, за кого многу малку се знае. Хопите го сметаат Масо за служител на Врховниот бог и за чувар на Земјата. За нив, таа личност претставува исто што и Исус Христос за христијаните. Интересно е тоа што дури и моралните заповеди, кои Масо ги адресирал до своите следбеници, и неговите претскажувања за крајот на светот се многу слични на оние пророштва и заповеди што Исус му ги оставил на светот.