Македонија

Библиското Откровение, Апокалипса од А до Ш

Според „Апокалипса“, по звуците на трубите на седумте ангели ќе почнат природни  катастрофи. Прво умира третина од  растителниот свет, потоа третина од  рибите и морските животни. Потоа се  случува труење на езерата и реките. На Земјата ќе паѓаат град и оган од  запалената планина и од ѕвездата што силно свети…

извор: Апокалипса од А до Ш
Нова Македонија 2010
Да видиме што зборуваат за апокалипсата древните пророштва и претскажувањата на нашите најскорешни јасновидци.
Како најпознато древно пророштво за крајот на светот несомнено се јавува библиското „Откровение“ или, пак, „Апокалипса“.
Главната идеја на апокалипсата е борба помеѓу Доброто и Злото, перманентно поврзана со судбината на човештвото.
Сижето на „Откровението“ е следново: Агнецот, Хирстос, ги отвора седумте печати на таинствената книга, која почнува со опишување на различни фази на војната помеѓу Доброто и Злото, а со тоа е поврзано отворањето на судбините на целиот човечки род. Оваа војна почнува во душата на човекот и се шири на сите страни од човековиот живот, при што сé повеќе се засилува.
Звукот на седумте труби на ангелите го навестува почетокот на човечките катастрофи. Во „Апокалипса“ се опишува рушење на природата и појавувањето на злите сили во светот. Пред почетокот на катастрофите, на верниците им се става на чело благодетниот печат, кој би требало да ги чува од злото и од порочните луѓе.
Гледањето на седумте знаци покажува поделба на човештвото на две спротивни табора – на Доброто и на Вистината, која е симболизирана, според некои раскажувања, со жената облечена во сонце, а злите сили, во царството на Ѕверот, Антихристот (неверник), но порочната светска власт, а ѕверот излезен од земјата е симбол на деградираната црковна власт.
Во „Апокалипса“ се зборува за едно свесно суштество на злото, ѓаволот, кој ја организира тајната војска против црквата и командува со неа.
Гледањето на седумте чаши дава слика за сеопшто морално распаѓање. Настанува почетокот на Армагедон – светска борба помеѓу Доброто и Злото. Врз луѓето паѓаат тешки искушенија. Вавилон – блудницата во „Откровение“ – го симболизира човештвото предадено на пороците и оттргнато од Бога. Власта и злите сили се шират во сите пори на животот на човештвото.
Потоа следи Божјиот суд над злите сили.
Гог и Магог се олицетворение на злите сили. Тие се уништуваат со Второто Пришествие на Исус Христос. Ѓаволот, кој ги почнал сите безредија, се осудува на вечно страдање и прогонство.
Понатаму, „Апокалипса“ ни кажува за воскреснувањето на мртвите, за Страшниот суд и за казната за порочните.
Во двете завршни поглавја се опишуваат новото небо и новата земја, а исто така, и блажениот живот на спасените.
Можно е дека описите на катастрофите во „Апокалипса“ ни ја прикажуваат во симболична форма онаа иднина со која човештвото тукушто ќе започне да се соочува.
Според „Апокалипса“, по звуците на трубите на седумте ангели ќе почнат природни катастрофи. Прво умира третина од растителниот свет, потоа третина од рибите и морските животни. Потоа се случува труење на езерата и реките. На Земјата ќе паѓаат град и оган од запалената планина и од ѕвездата што силно свети. По сé изгледа, тоа го симболизира почеток на невообичаените случувања во светот на природата или уште полошо, невидени форми на катаклизми. „Апокалипса“, исто така, нé известува и за оштетената третина од Сонцето и за ѕвездите и за нивното затемнување.
Многумина современи коментатори на „Откровение“ се способни да видат во него алузии на еколошките катастрофи, на загадувањето на атмосферата до толкав степен што Сончевата и Месечинската светлина нема да можат да се пробијат до Земјата. На крајот, во „Откровение“ се зборува за нападот на светот од скакулците излезени од бездната. Овој симбол треба да се сфати како безбројните ѓаволски сили, чие влијание врз луѓето за време на апокалиптичните случувања ќе се засили. На чело на армијата на скакулците ќе стои Аполион, што значи „уништувач“, т.е ѓаволот. Во „Апокалипса“ се опишува и Големата војна во која ќе загине една третина од луѓето. Без оглед на тоа што описите на таа војна изобилуваат со симболи кои потсетуваат на современата воена техника – тенкови, артилерија, авиони, па дури и нуклеарни бомби – многумина истражувачи на „Откровение“ сметаат дека во поголема мера, туку се зборува за идејната војна на духовен план, а не за вистинската борба на физички план. Впрочем, апостол Јован ги имал предвид и едното и другото; Армагедон, борбата помеѓу Доброто и Злото на духовен план, може да се одразува и во „земните“ војни.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *