☉ иМАГиНАРиУМ ☉Фељтон за Овче Поле

Градот на Свети Никола во Овче Поле

Колку цркви имало во Свети Николе? Колку манастири имало во Овчеполието? Дали воопшто сме свесни за значењето на овој регион? Зошто со децении не знаевме многу нешта за Овче Поле? Што крие мајката земја, времето ќе покаже. А дотогаш, трпение – спасение.
Jordan Ivanov - Severna Makedonija
“И след смъртта на царя  пак прие българското царство син му Борис и бе благочестив и много благоверен. И този цар покръсти цялата българска земя и създаде църкви по българската земя и на река Брегалница, и там прие царството. На Овчо поле (през него протича р. Брегалница) създаде бели църкви…”
“И по смртта на царот, царството го презеде син му Борис, кој што беше благочестив и многу благоверен. И тој цар ја покрсти целата бугарска земја и соѕида цркви по земјата и на река Брегалница, и таму го прими царството. Во Овче Поле (преку кое што тече реката Брегалница) соѕида бели цркви…”
извор: Йордан Иванов, “Северна Македония” (1906)
ovce pole sveta gora
“Овчеполски манастир, сега скоро сосема разрушен, во Штипската нахија, предел Немањици; се вика и Немањички манастир, храм на Свети Никола, задужбина на Стефан Дечански.
Немањички Манастир, храм на Свети Архангел Михаил во Немањици, Штипска нахија, исто така запустен во рушевини – задужбина на Немањичи уште пред Стефан Немања.”
извор: Наши манастири и калуђерство – Милош Милоевић (1881)
Постојат индиции дека во Свети Николе имало 6 цркви, кои отсликувале крст.
krst nad Sveti Nikole
Црквите се наоѓале на местата на денешната црква Свети Никола – на север, во месноста Свети Спас на југ, Свети Илија на запад и на исток – денешната црква Свети Стефан (именувана според чудотворното враќање на видот на Стефан Дечански од светецот Николај). На линијата исток – запад имало цркви во центарот на Свети Николе (кај денешната полициска станица) и во ‘американско маало’ (покрај Светиниколска река). Оваа претпоставка не е потврдена, но постои голема веројатност за истата. Во месностите Свети Спас и Свети Илија и денес има камени крстови со остатоци од градби. Во центарот на Свети Николе за време на турското владеење имало џамија, која била изградена на месотот на срушената црква. При изградба на куќи во ‘американско маало’ се откриени остатоци од мозаик, тегули и гробови. Сè досега упатува дека општината е богата не само со античко наследство, туку дека овде имало живот и во најраната епоха на христијанството. Од нас зависи како, дали и колку ќе го истражиме и заштитиме истото.

Редно време е деминутивот “Николе” да се промени и градот да го носи името Свети Никола.

Никола Ристевски