Македонска музика

Foolish Green

Foolish Green  е бенд кој создава психоделичен поп, односно алтернативен британски рок, користејќи неконвенционални начини на снимање и креирање звук, хармонски гласови и музички структури.


Пред две години беше објавен албумот “Escape”, едно од ретките изданија од ваков тип на музички правци на нашите простори. Албумот беше промовиран на повеќе локации во Македонија и во странство.


Идејата за овој проект се појавила пред повеќе години, по што кон креативноста на Ненад Стефаноски му се придружиле неколку музичари кои со својот емпиристички пристап (пропушен низ  акустични инструменти со неколку доверливи аналогни ефекти и еден недоверлив компјутер) многу допринеле во креирањето на актуелниот звук на Фулиш Грин.
Foolish Green Band се:
Ненад Стефаноски – вокали
Дарко Стојоски – гитара
Стефан Пехчевски – клавијатури
Теодор Бошков – бас гитара
Дејан Јефремов – тапани, перкусија




По албумот насловен Бегство беа објавени уште неколку синглови.




Голем број од неговите дела можеме да ги препознаеме и во македонската хип хоп музика, работејќи како продуцент, со Легијата, GreenOut, Против Сите, и други.

 Foolish Green na BandCamp
 FB Fan Page
www.foolishgreen.net

Related posts
Македонска музикаОд книгите

Трубадурската учтива љубов

ВидеоизборМакедонска музика

Мизар - ѕвезда на надежта

Македонска музика

И ние сме деца на Македонија

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Leave a Reply

Your email address will not be published.