избор

Алхемиски Фази 2

Црното nigredo е почетна состојба, која постои уште од самиот почеток како својство на prima materia, на хаосот, или на massa confusa…

…или настанува преку поделбата (solutio, separatio, divisio, putrefactio) на елементите. Ако се претпостави поделената состојба, како што се случува повремено, тогаш настапува обединување на машкиот и женскиот елемент (coniugum, matrimonium, coniunctio, coitus) и во тој случај настапува смртта на обединувачките продукти (mortificatio, calcinatio, putrefactio), со соодветното поцрнување. Од “nigredo”, плакнењето (ablutio, baptisma) води непосредно кон белеењето на душата (anima), која е раздвоена поради смртта, повторно се обединува со мртвото тело, оживувајќи го истото или четирите бои (omnes colores, cauda pavonis) преоѓаат во една, бела боја, која ги содржи сите бои. Со тоа е опфатена првата главна цел на процесот, имено “albedo”, “tinctura alba”, “terra alba folitia”, “lapis albus” итн., којашто од многумина е толку високо ценета, како да е доловена самата цел. Тоа е сребрената или месечинската состојба, која уште треба да се подигне до сончевата состојба. “Albendo” (белеењето) е донекаде зазорување; но допрва “rubendo” (поцрвенувањето) претставува изгрејсонце. Преодот кон “rubendo” го сочинува пожолтувањето (citrinas), кое, како што е познато, подоцна опаѓа. Во тој миг, “rubendo” произлегува непосредно од “albendo” преку засилување на огинот до највисок степен. Белото и црвеното се кралицата и кралот, кои во оваа фаза можат да го слават нивното “nuptiae chymice” (хемиско венчавање).
– од ПСИХОЛОГИЈА И АЛХЕМИЈА, КАРЛ ГУСТАВ ЈУНГ 

Related posts
изборПревземено

Од Цар Филип до Александар Велики

изборПревземено

Германците и Александар Македонски

изборПревземено

Русите и Александар Македонски

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Leave a Reply

Your email address will not be published.