На времету в Елешница се плашеа фногу људету ут караконџере. Ваобразјавахја си ќе некакви духуве куиту се преправаа на куче, на вол, на гуде, па и на чувек. Тија караконџере беја ут Егнат ду Вудици – тава време. През другуту време немаше текова нешчу. И Људету се плашехја фногу уд них. Здумаа се некуи жени дидаа на бане и тој и испревари порану, та излаже некуа уд них и сетне намер(ну) та ја кара, та ја јаане, та ја мачи. Е тека, и викајха: тава са караконџерету.
Имаше и друзи тека работи. Пу селоту се думаше ќе тоа го са били убикулули караконџере, ама тој па изрукал: де, мари жени, кантаре; тија са плашили били па ут кантаре – да, мари кантаре да претеглиме – и тој па се стопи, нема гу, бега.
Веруваше се дека караконџерету саму ношно време и то дудека прупееја петлите. Прупееја ле петлите веќе, караконџерету се стопаа, нема веќе, бегаа.
Обичаи – На времето в Елешница
– од МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ УМОТВОРБИ ОД РАЗЛОШКО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА
1992
Институт за фолклор Марко Цепенков