Македонија

Пусти да остане басот што фатиме

Момче и невевче, тралала, трилили,

облак ми сториле!

Облак ми сториле, тралала, трилили,

Заедно да спиет!

Заедно да спиет, тралала, трилили,

хич да не са гибет!

Хич да не са гибет, тралала, трилили!

Лудо ми таксало!

Лудо ми таксало, тралала, трилили,

гердан од илјада!

Момичка м’и такса, тралала, трилили,

коња от пет лири!

Лудо м’и легнало, тралала, трилили,

та што ми заспало!

Та што ми заспало, тралала, трилили,

каку руде јагне!

Момичка се вије, тралала, трилили,

како мренка риба!

– Стани, лудо, стани, тралала, трилили!

Стани не станало!

Пусти да остани, тралала, трилили,

басот што фатиме!

Басот што фатиме, тралала, трилили,

коња од пет лири, тралала, трилили,

Басот што фатиме, тралала, трилили,

коња од пет лири, гердан од илјада!

– од Македонски Народни Песни од Мала Преспа
Стерјо Спасе
Институт за фолклор Марко Цепенков 
1992

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *