Превземено

Енергијата од ветер ќе ја победи атомската енергија

Енергијата од ветер покрива три проценти од глобалните потреби за струја и наскоро ќе лиферува повеќе струја отколку атомската енергија. Таа е евтина и создава работни места.

Енергијата од ветер е во подем и станува се‘ поважна во светски рамки. Во Шпанија и Данска таа веќе лиферува 20 проценти од струјата, а во Германија 10 проценти. До 2020 година, според прогнозите, во Германија таа треба да покрива 20 до 25 проценти од потребите за струја.
Според Светската асоцијација за енергија од ветер (ВВЕА), постројките за производство на струја од ветер во изминатата година произвеле 237 гигавати еколошка струја во глобални рамки, што одговара на она што го постигнуваат околу 280 атомски реактори. Само за споредба – во моментов во светот има вкупно околу 380 атомски реактори кои произведуваат струја. Поради затворањето на атомските централи производството на струја од атомска енергија постојано се намалува.
 

 До 2020 година – четири пати повеќе енергија од ветер

Производството на струја од енергија од ветер се зголемува забрзано. Секоја година има по 20 проценти повеќе постројки за енергија од ветер во споредба со претходната година. Прогнозите на ВВЕА велат дека до 2020 година постигнувањата на енергијата од ветер можат да се зголемат за четири пати, односно да изнесуваат околу 1.000 гигавати.
Кина предводи во поттикнувањето на ваков вид енергија. Во 2011 година речиси половината од постројките за енергија од ветер биле сместени во Кина. Што се однесува до европски рамки, предводат Данска, Шпанија и Германија.
Енергијата од ветер е еколошка, но причината за светскиот бум лежи пред се‘ во цената. Струјата од енергија од ветер е често најевтина. Според пресметките на ЕУ и на германското Министерство за екологија, трошоците за струја од термоцентралите се двојно повисоки, а освен тоа тие и ја загадуваат околината и предизвикуваат високи трошоци во здравствениот систем. И струјата од другите електроцентрали и атомски постројки е поскапа од струјата добиена од енергија од ветер.
Финансирање со микрокредити
За експанзија на производството на енергија од ветер инструментите за финансирање се многу важни. Трошоците се кријат најмногу во делот на инвестиции. Во помалку развиените региони финансирањето е голем проблем. Така, на пример, во многу африкански земји воопшто не се произведува струја од ветерна енергија. За сепак да може да се произведува ваква струја Гзенгер смета дека треба да се вложува во мали постројки со помош на микрокредити. „Тоа значи претпријатието кое ја става на располагање постројката одобрува и кредит. Муштериите секој месец го враќаат кредитот, но почнуваат со плаќање дури откако постројката навистина и ќе почне да лиферува струја.“
Светската конференција за енергија од ветер е во тек во Бон (3 до 5 јули). Тежиштето на конференцијата е „Снабдувањето со енергија во рацете на граѓаните“. На конференцијата учествуваат над 500 експерти, министри и менаџери од сите континенти.
извор – Дојче веле, медиумски партнер на конференцијата.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *