Македонија

Македонистички студии

Виктор Фридман дипломирал руски јазик и литература на колеџот Рид во 1970 година. Тој подоцна докторирал за словенски јазици и литература и општа лингвистика на Универзитетот во Чикаго во 1975 година. Неговата дисертација била на тема „Граматичичките категории на македонскиот индикатив“ и со тоа ја добил наградата Марк Пери Галер за најдобра дисертација на факултетот за хуманистички науки. Од 1975 до 1993 година тој предавал во одделот за Славистика при Универзитетот во Северна Каролина. Во 1993 година Виктор Фридман се префрлил на Универзитетот во Чикаго. Тој има објавено повеќе од 200 публикации и при тоа „Граматичките категории на македонскиот индикатив“ била првата публикација за модерниот македонски јазик во САД.
Повеќе од 30 години Фридман се занимава со полето на Балканот. Во 1991, 2003 и во 2007 година тој бил награден со златна плаката од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, додека пак во 1994 година тој бил избран за член на Македонската академија на науки и уметности. Во 1995 година тој бил избран за член на Матица Српска и во 2004 година бил избран за член на Академијата на науки и уметности на Косово.
За време на југословенските војни, тој работел како политички аналитичар на заштитните сили на ООН стационирани во поранешна Југославија во 1994, бил дел од проектот Јужен Балкан при Центарот за превентивни дејства на Советот за надворешни односи во периодот од 1995 до 1997 година, бил советник на Меѓународната кризна група во 1997 година и работел за Институтот за мир на САД во 1999 и 2000 година. Беше гостин–професор или гостин научник во следниве универзитети: Корнел, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Централноевропски универизтет во Будимпешта, Универзитет на Кјото, Национален универзитет на Малезија, Универзитет во Хелсинки, Универзитет во Приштина и во Латроб универзитетот (Австралија).
Истражувањата на Фридман се базирале на граматичките категории, особено на глаголите, контактот на јазиците и социолингвистиката на Балканот и Кавказот. Тој објавил книги за следните јазици: албански јазик, аромански јазик, азербејџански јазик, српски/ хрватски/ босански јазик, бугарски јазик, грузиски јазик, грчки јазик, лачки јазик, македонски јазик, меглено-романски јазик, ромски јазик, романски јазик, руски јазик, таџички јазик и турски јазик.
Виктор Фридман има големо познавање од областа на македонскиот јазик и одлично зборува на македонски јазик.
За прв пат ја посетува Македонија 1971 година. На Институтот за социолошки, политичкии правни истражувања од Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, е предавач и Меѓународната летна школа “Светлата страна на Балканот” во 1999 година.Во 1991, 2003 и во 2007 година тој бил награден со златна плаката од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, додека пак во 1994 година тој бил избран за член на Македонската академија на науки и уметности. Во 2007 г. тој добил степен “Doctor honoris causa” Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Во 2009 година заедно со македонската политичка партија Виножито во Грција го промовираа македонско-грчкиот речник, каде е бурно, нецивилизирано и насилно пречекан од грчката јавност.
Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *