Македонија

Дрвото на животот

Запишаните верувања за космичкото дрво, односно дрвото на животот, се многу скромни, така што е тешко да се реконструираат идеите сврзани со верувањата за него. Авторите кои ја истражувале оваа проблематика дошле само до некои општи сознанија. Во таа смисла, верувањата за светото дрво ги надополнуваат космосот и уметноста.
Космичкото дрво или дрвото на светот претставува архаична и типолошка претстава, која се среќава во сите традиции. Тоа е израз на вечниот растителен свет, кој благодарение на сезонскиот циклус периодично се обновува. Дрвјата, а посебно дабот, јаворот и врбата ја симболизираат врската меѓу горе и долу, односно
корените – подземниот свет;
стеблото – земјата;
врвот на дрвото – небото.
Световното дрво зазема важно место и во иконографијата. Основниот иконографски тип претставува дрво со гранки до небото, корени во земјата или морето.
Бројни се претставите на лозови ластари нa столбовите во македонските цркви, кои се извиваат од подножјето па се до врвот, со што се воспоставува контакт меѓу земјата и небото.
Македонска народна митологија
Матица македонска 2002

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *