изборКоментари

Канда – дух над материја

Според сè, се работи за револуционерно откритие, со широк спектар на импликации кои ке ги потресат основните сфаќања за историјата на антиката и теологијата, а со самото тоа и темелните сфаќања на целните вредности во општеството во целина.
Преку прегледот на сакралниот симболизам, древните мудрости, народните обичаи и исконската теологија кои ги познавале големите мајстори на животот – градители, е утврдено метафизичкото и симболичното значење на оваа презначајна и пресвета ритуална могила, т.е таа е интерпретирана херметички напишана порака за човештвото кое е во него содржана. Симболичниот и метафизичкиот начин на кој е напишан овој труд ја одржува (ч)истата суштина која е непрепознатлива за материјалистичкиот начин на размислување, и линеарното сфаќање на односот човек-природа, односно Вселена. Впрочем, античките херои и духовните отци не размислувале материјалистички, и за да можеме ние воопшто да ги одтатнеме пораките кои ни ги оставиле нашите дамнешни и славни предци, мораме да го разбереме начинот на кој тие ги формирале своите увиди во природната реалност, односно во природата на сеприсутната и сеопштата, целокупна суштина. Тоа секако не е материјализмот, кој е опасно духовно застранување.
Недалеку од градот Свети Николе, во Македонија постои место наречено Канда.Тука се наоѓа единствениот и прекрасен геоглиф впишан во кружна земјена могила во облик на космичко јајце со импресивни димензии 85 x 45 метри  кој е, како и самиот геоглиф, кој е поставен исправено во правец  Север-Југ. Овој сакрален споменик се наоѓа под прав агол во однос на небесниот и земјиниот екватор.
Macedonian Geoglyph
Ако погледнеме кон небото, ни паѓа во очи дека наведениот симбол има облик на соѕвездието Касиопеја. На тој начин, спонтано може да се воочи следнава аналогија – основна метафизика изразена низ едноставно правило:  Како на небото, така и на Земјата . Меѓутоа, постои и додаток на истото правило: “Како одвнатре, така и однадвор . Значи, ако сè е слика на сè, и според строгите закони на антиката надворешноста мора да ја оддржува содржината на сè, па и метафизичката градба, тогаш што ли содржи во себе оваа импресивна ритуална могила?
Ѕе.
Бидејки од поединечното не може да се дојде до општото, туку само од општото до поединечното – при секое разгледување на намената на архаичните градби (сакрални споменици) треба да се појде од астротеологијата, која е единствена вистинска исконска теологија и метафизика. Затоа треба да се навлезе во умот на самиот метафизичар – градител на оваа космичка градба кој се стремел кон заедништво со Бог, бидејки се работи за приврзаник од највисок ред, кој во метафизичка смисла, уште додека постоел, достигнал истобитност со Бог (Таткото). Правилото на истобитност (едносуштественост) на небесно-земската аналогија изразена со правилото Како на небото, така и на Земјата е заедничка на сите религии, а постои и до денес како основна догма во Христијанството. Проблемот со толкувањето на архаичните градби произлегува од фактот, што современиот човек е втонат во материјализмот, т.е не го познава контекстот во кој се настанати оваквите грандиозни дела, и не ги разбира духовните подвизи кои ги обликувале.  Всушност, тој не ги познава ни основните поими на Светата Наука (Scientia Sacra). Науката која самата се лишила од светоста, и со самото тоа навлегла во профаност и материјализам, нема поим за духот, и според тоа на духовното подрачје на кое припага и нашата ритуална могила нема никаков научен кредибилитет. Таа може да биде од помош кај поедноставните услуги поврзани со археологијата како откопување, лабораториски анализи и слично, но не може да дава мислење и интерпретација за работите во кои не е навлезена, но и секако се подразбира да се биде скептичен кон нејзините постулати бидејки, “светата светилка ја гаси лудиот ветар”, а мотивите кои ја водат ја рефлектираат нејзината внатрешна суштина, а тоа е материјализмот.
Во светата наука исто така постои и друго правило: “Духот над материјата”, што буквално значи да, бидејки намената на градбата која ја набљудуваме е духовна, а со просто физичко набљудување не е возможно да се долови нејзината намена, нам ни е потребен клуч за толкување на духовноста која ја обликувала. Дури потоа можеме да ги отклучиме духовните порти, значи по “иницијацијата”,ке ни се открие намената на градбата онаква каква што е вистински. Трагачот по вистината мора да се потпре на духовното патување, ако сака да спознае што содржи во себе оваа ритуална могила. Тоа е едноставна нужност сама по себе.
Poeticon_astronomicon_cas

Понатаму, која е таа Касиопеја чии симбол се појавува на ритуалната могила? Етимологијата на самиот збор официјално до денес не е позната, но тоа се должи на фактот дека денешната наука секогаш го превидува фактот дека целата етимологија на антиката, единствено може да се протолкува низ “словенскиот клуч” , иако не го препознава неговото постоење. Импликацијата е се подразбира, дека (Словените) не се дојдени на овдешните простори преку надворешна миграција, туку дека постоеле како домицилен ентитет од почетокот на историјата, што понатаму имплицира друго, веќе дури и политичко прашање: “Како е возможно да сме уверени во сосема погрешна интерпретација за сопствениот идентитет, и дали е тоа можеби идеално средство за потчинување на тој (идентитет) ентитет”?  Покрај тоа, тука постои и нешто повеќе од таа намера, бидејќи денес т.н научна заблуда произлегува од нејзината демонска* (DeМono) битка. Овој тип на заблуда е во природата на лажното знаење – “просветители” на незнаењето кои постојано ангажирајки се во периферните, неважни и тривијални работи во науката, како магариња кои стенкаат под книгите, никако не гледаат ништо важно во тоа што го набљудуваат. Т.н “демон”кој отелотворува, има вродена аверзија спрема оваа битка, значи наспроти се што е истородно со Бог (таткото) , се што е божествено, убаво, добро и исправно, па можеме да бидеме сигурни дека таа (де)монска работа секој нареден обид непогрешиво ке го отфрли тоа што навистина вреди, а во овој случај тоа е “словенскиот клуч” на антиката. А без тој клуч немаме премин низ портите на перцепцијата. Зборот slav, изворно значи “клуч”. Во нашите Балкански јазици, има останато само делумни траги од тој збор, на кој коренот му произлегува од латинскиот израз clavus – клуч, односно Sclavus – Slaven. И како што самите зборови ни говорат, словенскиот клуч е клучот кој ни недостига.  Од тие причини и глаголувањето како јазик и основа на духовноста на овие простори е толку немилосрдно прогонувано, но и забранувано…

2012
Домагој Николиќ
Имотски, Хрватска

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *