Македонија

Идеме до крај

Се што го барав во рокенролот се наоѓа во оваа песна. Безброј прашања и одговори, љубов, страст и порака, како ѕвезда водилка, за цел еден живот. „Идеме до крај“, како дилема дали да се оди, или да се застане?! Да се почне нешто, колку да се каже, или да се сработи саглам. До крај… Мио тоа совршено го разбра и го вклопи меѓу три и пол минути музика. Комбинација на тие зборови и таа мелодија како лава извираше од звучниците кога прв пат ја слушнав песната, и урна се пред себе. Мене ме прегази како валјак… Денес ја слушам и кога ми е тешко, и кога сум среќен. Барем еднаш неделно, а кога сум депресивен и почесто.

Од издавањето на албумот помина цела деценија, иако самата песна е снимена некоја година порано. Но… Како што поминува времето, зборовите како да добиваат на тежина, па „Идеме до крај“ стана епопеја за сите обични луѓе кои успееја да ја сочуваат здравата мисла и да се воздигнат над просечноста на траорно време во кое живееме… Луѓето кои, како и Мио, смело одат по острицата на бричот. До крај!
Иван Беќковиќ
www.mmm.com.mk

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *