Македонија

Македонија и Македонците

Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 – Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) бил македонски национален деец, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла. Чуповски е силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ. Познат и како Димитрија Павле Чуповски или Димитрија Димов Чуповски.
Чуповски е член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), член-основач и претседател на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913), член-основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации….
 

 
 
Димитрија Чуповски
„Македонски Голос”, 1913 г.
Во време на турското господство македонските Словени за сето време не престанува да водат свесна и упорна борба, отпрвин за својата независност, а откако конечно биле покорени од Турците, за своето ослободување од турскиот јарем. Тие кревале многубројни востанија, често ги поразувале Турците,но, се разбира, на крајот од краиштата, востанијата секогаш биле задушувани во потоци од македонска крв… Тие земале учество и во ослободителната борба на своите соседи – Србите, Грците и Бугарите – чијашто слобода била извојувана со усилбите и сопомошта и од Македонците. Така, во време на Руско-турската војна 1877-78 г. 2/3 оддоброволците од балканските Словени биле Македонци. Имињата на ЃорѓиПулевски, Стојан Везенковски, Попот Буфски и на цела плејада други што зелеучество во херојската борба на крстот, со полумесецот, многу им зборуваа, а и сегауште им зборуваат, на срцата на Јужните Словени. И ако Македонија, и по за неа несреќниот Берлински конгрес мораше да остане под господството на Турците,тоа е само затоа што таа се наоѓаше поблиску од сите други Словени до административните центри на Отоманската империја, како што е Цариград, Одрин, Солун, Македонија можеше да се ослободи само заедно со конечното пропаѓање наТурција во Европа. Берлинскиот конгрес кој го предаде македонскиот народ во жртва на одмаздата наразбиените Турци, кои знаеја каква улога игра македонските одреди во за нив несреќната војна, предизвика експлозија на очајот и негодување по цела Македонија. Целиот народ, како еден човек, се крена и започна несрамна борба против Турците за своето ослободување. Востанието траеше повеќе од една година и заврши, се разбира, со победа на озлобените Турци, кои најпосле, ја разурнаа таа несреќна земја. Многу села, па дури и градови, беа изгорени, многу народ беше исклан, амакедонската интелигенција беше делум истребена, делум најде спас во бегството во слободните држави. Без оглед на ваквото крваво задушување на востанието, ослободителната идеја не ги напушти Македонците. Сите 35 години, колку што изминаа од Берлинскиот конгрес, па се до сегашната војна, се една крвава страница на непрекинатаги-гантска борба на македонскиот народ за своето ослободување… Стотици илјади жртви што тој ги принесе на олтарот на татковината го искупија правото на Македонија на слобода… Само за едно петлетје – од 1898 до 1903 година – имаше повеќе од 400 судири меѓу Македонците и Турците. Упорната востаничка борба против Турците се раководеше од таканаречената Внатрешна организација, која во текот на 10 години (до познатото востание во 1903 година), изврши чудесно дело: дотогаш неорганизираните, проникнати само со духна протест и востание, елементи таа ги претвори во дисциплинирана силна војска, која беше во состојба да им дава отпор на насилниците. Највидните дејци на таа организација беа Гоце Делчев и Дамјан Груев…
„Македонски глас”, Институт за национална историја

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *