избор

Дигнатиот камен во Патетино

Поради зулумите што биле вршени над рајата од Турците, на крајот од 18 век селаните од Патетино убиле некој Турчин. За одмазда турците го исклале скоро целото население од селото. Според сочуваното предание “потекла крв низ долината на селото до местото Дигнат камен”…

Патетино е мало планинско село, расположено на северо-источниот дел на Овчеполската Котлина. Се наоѓа на надморска висина од околу 600 метри. Околни населби на Патетино се: Ранченци, Макреш, Барбарево (сливот на Злетовска Река) и други. Селото има добра вода за пиење. Во атарот се наоѓаат следните поважни месности: Крс, Челебиско трло, Камена струга, Берче, Голем рид, Тунтулица, Љубан, Камен, Куново трло, Среден рид, Гола чука, Карпи, Дигнат камен, Трница и други.
Во Патетино се разликуваат два краја, познати по родовите кои живееле во него, а тоа се: Мишевски и Петковски крај.
Во атарот на селото, во месноста Трница, оддалечена околу еден километар југозападно од денешното село постоела античка (пајонска) населба. На Трница селаните имаат откопувано “големи врчви” (питоси) и керамиди, “дебели по три прста”. Во народното предание сочувано е кажувањето дека во Трница било старото, големо село.
Денешното име на селото симболизира населба покрај пат. Античкото име на Патетино не е познато, но најверојатно е дека денешното име е трансформирано од првобитното, кое имало исто значење – село покрај пат, попатно село.
Главно занимање на населението во селото било сточарството и ловот, за што имало погодни природни услови. Селото било особено познато по одгледувањето на коњи.

Никола Ристевски

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *