Македонија

Дедал и Икар

Како и Хермес, Дедал симболизира остроумност. Тој подеднакво добро го гради лавиринтот во кој човек може да се изгуби, како и вештачките крилја на Икар, кои му помагаат да избега, полета и на крајот да загине. Како конструктор на лавиринтот, симбол на потвесното, занесна фантазија затворена во сопствената конструкција во потсвесното. Но, неговата конструкција може да биде и свесна и да се издигне на крилјата на амбицијата, кои поради несоодветната големина водат кон катастрофа. Легендарната личност на Дедал е симбол за технократ, маскиран од ученик на волшебникот во градител кој не ги познава границите на сопствената моќ, иако е претставник на практичната интелигенција и вештината за изведување, па дури и тип на универзален уметник, кој е и архитект, скулптор и пронаоѓач на механички средства. Со подвижните статуи што му ги припишуваат, потсетува на Да Винчи и неговите автомати. Тој воопшто немал повеќе среќа од него со разните владетели на кои им служел.

Икар, син на Дедал и на робинка, умира од изумите на својот татко – кои ги користи не обрнувајќи внимание на неговите предупредување.
Внимавај Икар, мораш да го држиш курсот на средна височина.
Внимавај, Икар!
Летај по средината. 

Затворен во лавиринтот со својот татко, кој им помогнал на Аријадна и Тесеј да го убијат минотаурот, тој успева да побегне од затворот со помош на Пасифаја и благодарение на крилјата кои му ги направил Дедал, и кои ги зацврстил со восок на своите рамења, тој полетува над морето. Но, и покрај сите предупредувања, тој летал сè повисоко и повисоко, сè поблиску до Сонцето. Восокот се стопил и тој паднал во морето. Како слика на прекумерните амбиции на духот, Икар станал симбол на поматениот ум – тој е митска персонификација на душевниот живот со кој завладеале сентименталниот и горделивиот занес на духот. Икар го претставува раздразливиот човек и неговата судбина. Неговиот бесмислен обид останал како израз со кој се означува претерана возбуда, една форма на болест на духот: опседнатост со величина и мегаломанија. Икар е симбол на преувеличувањето и непромисленоста, двојна изопаченост на расудувањето, но и на храброста!

Христијанските автори од првите векови во неуспешниот потфат на Икар виделе слика на душата која сака да се воздигне кон небото на крилјата на една неискрена љубов, додека пак единствено крилјата на божествената љубов можеле да помогнат во нејзиното воздигнување.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *