Поезија

Космогонија или апокалипса

Некој зачука на врата
– Кој е? запраша Мракот
– Јас сум, Мраковица
Пушти ме да се згреам
– Па и кај мене е мрачно
и мразно, рече Мракот
– Ќе се триеме заедно
па ќе се згрееме
ќе водиме љубов
па ќе си родиме…
– Зар уште Мракчиња?
ја прекина Мракот
– Не, не, туку дете
како јарко Сонце
моли сè така уште Мраковица
но Мракот не попушта:
– Не, не те пуштам внатре,
вели мрачно и ладно
но не знае ни самиот до кога
зашто и нему му се ближи крајот
иако знае дека детето-Сонце
е можеби неизбежно:
Сè почесто му го слуша срцето
што отчукува како темпирана бомба
________________________
од Мрак и Млеко 1986

Related posts
Поезија

НаУм, НадУм, БезСмрт

е-книгиПоезија

Основите на небото

Поезија

Шума (Трагање по смислата)

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Leave a Reply

Your email address will not be published.