Македонија

Барон Александров Бели – Македонецот

БЕЛИ-МАКЕДОНЕЦОТ, Барон Костадин Александров (роден во с. Блаца, Егејска Македонија а починал во Виена, Австрија)

МАКЕДОНСКИ патриот, добротвор.

Поради албански насилства, богатиот татко Александар со семејството се преселил во Цариград и во 1802 г. бил близок со влашкиот кнез Ј. Караџа, па се преселиле во Букурешт, а веке заможниот Костадин се префрлил во Виена, каде што и останал до крајот на животот. За благородните дела што ги правел, од императорот Фозеф II ја добил титулата барон. Како голем македонски патриот, својата богата библиотека со тестамент му ја подарил на новооснованото училиште во Нова Пела. Во 1835 г. потпишува тестамент, со кој ја изразува својата почит кон скоро ослободената Грција и, “покрај тоа што сум се родил во Македонија”, заветува свој имот во Атина за да се издржуваат извесен број клиники во кои да се лекуваат Македонци болни од секаква болест – и тие болнички места да се викаат “Легла на болните – заштитници на баронот Костадин Бели – Македонецот”.
Бил предложен за почесен граѓанин на Атина, а во новата населба Нова Пела биле изградени црква и училиште, на кое му ја подарил својата богата библиотека, со лична порака: “кога Македонија ќе достигне таков степен на развиток за да создаде свои училишта, тогаш Општинскиот совет на Нова Пела е должен книгите да и ги отстапи на јавноста во Македонија”. Баронот станал член – основач и донатор на едно Просветно друштво и бил иницијатор за основање и на Археолошко друштво во Атина. Потоа потписал завештание при Баварската влада, од чијашто камата “да се дава стипендија на двајца млади Македонци за време од 6 години што би студирале во Академијата во Минхен”.
Подоцна овој фонд бил префрлен од Баварија во Грција и врз основа на купените 85 акции на Националната банка се давале стипендии од специјалната “Комисија за сместување на Македонци од оставнината на Кoстадин Бели”. Од 1850 г. Комисијата стипендирала и повеќе од двајца стипендисти,
па до 1908 г. бројот на стипендистите студенти изнесувал 354 млади Македонци. Веројатно со средствата од таа стипендија студирал во Атина и Григор Прличев, кој во својата “Автобиографија”
наведува дека во 1849 г. во Атина имало едно “богато завештание од еден богат Македонец, жител на Блац, се вика Велјо, кое било наменето исклучиво за стипендии на сиромашните Македончиња”. За овој веќе “покојниот Македонец Барон Костадин Бели” пишува во јануари 1892 г. Редакцијата на списанието “ЛОЗА” дека пред 54 години од Виена упатил патриотски апел до своите сонародници, во кој ги прекорува.
 
МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА – МАНУ, Скопје 2009
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *