Бадмингтонс е македонска група, формирана 1980 во Скопје.
Вo 1984 година издаваат касета насловена После мене што ти е гајле. Истата година се победници на Рок Фест ‘84 и добиваат прва награда за урбано социјални текстови. Како победници на Рок Фест, Бадмингтонс снимаат во студиото М2 на МРТВ.
„Бадмингтонс“ се пионери на панкот во Македонија.
Бендот, кој својот зенит го доживеа во првата половина од осумдесеттите години, го сочинуваа:
Владимир Петровски – Картер (вокал и гитара),
Борис Георгиев – Бут (тапани) и
Дејан Шкартов – Деко (клавијатури).
Бадмингтонс се трансформира во “Александар Македонски”…
“Благодарение на Превртено, Бадмингтонс се актуелни и кај една нова генерација. Всушност Ако ми дадеш е Превртено, односно ако му беше дала Превртено не ќе беше.” – plagij.at
20.09.2007 – Во присуство на голем број музичари, актери, режисери, новинари и други гости од македонскиот културен живот, вчера во арт-кафето „Мала станица“ беше промовирано првото официјално издание на култната скопска панк-група „Бадмингтонс“. Синглот „Ако ми дадеш“, поместен од саундтракот за филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, е вториот диск објавен под етикетата на радиото „Канал 103“.
Членовите на „Бадмингтонс“ се припадници на првата панк-генерација во Македонија и едни од најзаслужните за популаризација на жанрот во почетокот на 80-тите години – период во кој бендот го достигна зенитот. Изданието е посветено на сите панкери – живи или мртви. – Дневник