Лоза

Афион – Мак

Култен бронзен сад од пред нашата ера

Статуа на Изида со садот

Македонска Енциклопедија:  Papaver somniferum I – одгледуван неколку века пр. н.е. во Мала Азија. Во Македонија го пренеле Турците (?!). Се одгледува за масло и како лековито растение. Масло се добива од семето, кое содржи 50-60%, а од чушките морфиум, кодеин, нарацеин, тебеин, папаверин и др. За одгледување на опиумскиот афион е потребна посебна дозвола. Во Република Македонија е создадена сортата Пионир.

Wikipedia: Растението има високо стебло со типичен цвет, обично еден, со бела, розова, портокалова, црвена или сина боја; на средината има темна (црна) дамка. Некои видови, кои се одгледуваат повеќе години, имаат и други бои, од еднобојни темни видови до нежни, пастелни нијанси. Средината на цветот има кривулестипрашници опкружени со низа од четири до шест тркалезни или пердувести цветни ливчиња. Поленот на ориенталниот афион (Papaver orientale) има темносина боја, додека поленот на полскиот афион (Papaver rhoeas) е од темносина до сива боја. Пчелите ги користат цветовите на афионот како извор на полен.

 
Симболизам
Долго време афионот бил користен како симбол на сонот и смртта. На сонот, поради опиумот кој се добива со екстракција од неговата чашка, а на смртта поради крваво црвената боја на неговиот цвет. Во грчко-римските митови афионот е користен како дар за мртвите, а бил користен како амблем на надгробните споменици за да го означи вечниот сон. Другото значење на афионот во грчко-римската митологија е симболизирање на ветувањето за воскресение после смртта, поради светлoцрвената боја.
 
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *