Лоза

Епифанија и Епигонија, вовед

Овие текстови се пишувани во периодот од 2007 година до 2011, и во нив се внесени моите промислувања околу состојбите во уметноста на совремието, Историјата на уметноста и политичко-идеолошките својства и импликации во уметноста.

Исто така во овие теориски забелешки (скици) ги разгледувам и главните дубиози на актуелната современа уметност во транзиција, како и некои флагрантни појави во рамките на националната уметничка сцена, како што е феноменот на реставрацијата и супституцијата на историскиот уметнички вакуум со своевидна симулациска интервенција.

Прашањата што се појавуваат при ваквите монументални интервенции во временскиот континуитет на една специфична (национална) култура како што е нашата, наведуваат на хтонски анализи чие најдлабоко исходиште се наоѓа во самата Историја на уметност, како мултидисциплинарна наука што ги артикулира најсуптилните аспекти на времето, а тоa е неговата идеологија, функција и поетика.


Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *