Коментари

Гнев


 

Гнев

Еден од најголемите непријатели на човекот е Гневот. Неговиот корен е во пределот над стомачниот папок, а неговото стебло, гранки и лиска се свиткани во вид на клопче и симетрично распоредени по сета површина на човековата утроба.

Се вели дека може да го победи гневот само оној кој успеал да го победи сопствениот гнев.

Во случај кога клопчето се одмотува, и стеблото со своите раскошни грани ја пробива нежната човечка утроба, човекот е лут. Ако оваа лутина се совпадне со лоши метеоролошки околности како што е на пример бурата, човекот доживува личен земјотрес што го пресекува дотокот на крв во неговиот мозок и го доведува во состојба на животно. Од тие причини тој е способен да рика како лав, како магаре, или рис. Профилот на животното не зависи од неговата дн-киселина, туку напротив, од неговата алкална средина.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *