Лоза

2 август 2012 – 2350 години од битката кај Херонеја

.
На втори август 2012 година се навршуваат 2350 години од битката кај Херонеја водена помеѓу Филип Втори од Македон и градот државичка Атина, во 338 година пред нашата ера.

Со јакнењето на Македонското царство, се заострувале односите помеѓу Македонија и градовите-држави. Пред остварувањето на амбициозните планови на Филип II за поход на Азија било јасно дека требало да има слободен проод преку непријателски наострените градови-држави низ кои требало непречено да помине. Затоа тој постепено ја проширувал македонската доминација во регионот со склучување мировни договори со некои градови-држави, кои биле подготвени да се придружат кон политичката стратегија на македонската држава. Градовите кои не сакале да ја прифатат македонската доминација биле заземани на војнички начин.
Еден од најважните потези бил зацврстување на позициите во македонската провинција Тракија, со што би се воспоставила контрола врз поморскиот пат од Црното Море низ Дарданелите, кои биле од витално значење за градовите-држави, посебно за Атина.
 По неуспешните преговори меѓу Филип II и Атина, во пролетта 340 година, тој демонстрирајќи ја супериорноста на македонската поморска флота кај Дарданелите, ги напаѓа атинските трговски бродови кои ја снабдувале Атина со жито. По заробувањето на атинската флота, Атина објавила војна на Македонија, чиј потег потполно му одговарал на Филип, имајќи ја предвид целосната доминација врз градовите-држави во регионот, пред остварување на планираниот азиски поход.
Пред средбата со Атина, неопходно било да се пресмета со градовите-држави, Перинт и Визант, кои му стоеле на патот кон Атина. При крајот на 340 и 339 година, Филип II истовремено ги напаѓа овие два града, кои биле помагани од Атина и другите атински сојузници. Во таа ситуација Филип II успеал да склучи мировни договори со островските градови Родос, Хиос и Кос, во близина на малоазиското крајбрежје. Теба, дотогашен сојузник на Македонија од времето на Светата војна против Фокис, престанала да верува во проширувањето на својата моќ меѓу соседните градови, прифаќајќи ја подеднакво одговорноста во настанатата ситуација.
Во понатамошната стратегија за пристап кон централниот островски регион, Филип II го придобил теснецот Гравија, кој водел за Амфиса. Пред прагот на битката кај Херонеја македонскиот цар се обидел да ја демонстрира својата војничка супериорност со освојување на Делфи и стратешкиот град Напакт, да го спречи неговото евентуално придружување кон Атина, Теба и Беотија, за тие на мирен начин да ја прифатат македонската доминација врз околниот свет.
Мировниот предлог бил затоа што македонскиот цар не сакал да жртвува човечки животи пред замислениот азиски воен поход. Одбиениот мировен предлог создал неизбежна ситуација за војна, која му одговарала на Филип за да ја обвини Атина за настанатата состојба во регионот.

На втори август 338 г. пне дошло до историската и решавачката битка помеѓу Македонија и Атина со нејзините сојузници.

Позицијата на градовите-држави не била непогодно избрана. Десното крило било насочено кон Кефис, додека левото-лоцирано јужно од градот Херонеја. На овој начин тие ги блокирале не само патиштата што воделе во Кефиската Долина, туку и патот кој водел преку преминот на Кератскиот теснец, во правец на Лебадија. Двете противнички армии располагале со сила од околу 30.000 војска и околу 2.000 коњаница. Филип најпрво сам се спротивставил кон непријателот, а потоа лукаво се повлекол за да го сврти вниманието на противникот. Ноќта тој се преместил од Ситинија во Западна Беотија кај Амфиса. Наместо да мине на исток, тој својата армија ја префрлил назад во Елатеја, движејќи се непречено преку преминот Парапотами и минал во напад на главната војска на непријателот кај Херонеја.
Филип го оставил 18-годишниот принц Александар да го води левото крило, каде биле поставени неговите најдобри чети. Во меѓувреме, Александар смислено го повлекувал своето десно крило пред почетниот напад на сојузничките трупи. По овој потег, тој се спуштил од стрмнината и преминал во противнапад, раздробувајќи ги беотијанските фаланги. По успешните напади на Филип Втори и на Александар, двете победнички македонски крила навлегле кон центарот на сојузничките војски и ги уништиле.
Долгоочекуваната битка помеѓу сојузничките градови-држави и Македонија траела само неколку часа, завршувајќи со триумфална победа на Македонците.
Со поразот на тебанската армија и уништувањето на прочуената “Света Чета”, војничкото жезло и политичката супериорност преминале во “нов модел” во армијата на Македонија, која ја создал македонскиот владетел Филип Втори.
Коалицијата на Атина, составена од градови-држави, никогаш повторно не се појавила на историската сцена и истовремено исчезнала од главните влијанија во светот.
Со победата кај Хонореја Филип II дефинитивно ја засновал македонската супериорност врз Атина и другите градови-држави.
Победата на Македонците беше симболизирана како појава на природно стабилна монархија и слаба коалиција на градовите-држави. По македонското владеење, тие преминале под доминација на Римската Империја.
На епитафниот цитат на Михаел Грант, од неговата книга “Од Александар до Клеопатра”, е сосема јасно напишано: “По пелопонеските војни, продолжува неблагото опаѓање на градовите-држави”.
Платон во своите дијалози напишал: “По битката кај Херонеја во 338 год. пне, состојбата беше значајно променета, затоа што царот Филип II за навек ја деградирал моќта на традиционалните градови-држави. Сојузничките градови-држави, памтејќи го нивното светло минато, верувале во продолжување на борбата за враќање на нивната чест и светло минато. Во реалноста, сепак тие верувале во безнадежност и во погрешно зацртаниот сјаен хероизам”.

Улрих Вилкен има напишано дека за градовите како Атина тоа било закон на честа и себепочитувањето, а не за да има водечка улога меѓу сојузниците, која без поголема сила за борба беше нереалност. Според тоа, Херонеја ги смирила одредените слабости и неадекватности, кои до денес ги мачат атињаните како и нивната слабост од која немаат излез.
Иако битката кај Херонеја се одигра пред 2350 години, борбата меѓу Македонците и атињаните продолжува низ векови и трае сè до денешно време.
 
 
 
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *