Лоза

Големото Око, Оној кој што гледа Сè на Врховната, Прва Мајка

 

Реонот во кој што се наоѓа геоглифот, мештаните го нарекуваат со име “канда”. Областа со истиот топоним е запишана и на официјалните топографски карти. Во непосредна близина сеуште едвај тече Кнежевска Река. Оддалеченоста од таму до античкиот град Била Зора, најголемиот Пајонски град, е проодна и ден денес.
 
Пајонците (Пеонци, Пæонци) се племе споменато уште во Илијадата на Хомер (Енеј, Астеропај, Мнесус, Афулус) како врвни стрелци кои што со криви лакови и двоколки кои се бореле на страната на Троја водени од Пирајхме. Во големата битка на Александар III Македонски кај Гавгамела, предводникот на лесната пајонска коњаница Аристон, брат на пајонскиот крал Теутао, во екот на битката брутално отсекува глава на персиски генерал и триумфално ја носи пред Александар, предизвикувајќи бура од восхит кај Македонската Фаланга (подоцна претставено на Пајонски монети). По смртта на Александар, половина век подоцна, мистериозно е преданието за богатството на пајонскиот крал Аудолеон, скриено по поместување на текот на реката Саргентиос (сребрена, бела река, сарг има значење и на саркофаг, аргеади, аргонаути, итн…) и покриено со враќање на реката во нејзиниот претходен тек. Во чест на овој крал, внук му Дропион испраќа статуа со глава на бизон (Aристотел пишува за огромното животно кое што живеело во Пајонија, налик на бизон, толку големо што на својот грб можело да носи седуммина) како подарок за Пророштвото од Делфи. Во античките историски извори и митови Пајонски бог на војната бил Кандаон, аналоген на соѕвездието Орион, најчесто претставено ко ловец со лак и стрела.
 
Во транскрипцијата на средниот текст од Каменот од Розета, поддржан од Руските лингвисти како вистински корен на глаголицата  едно од дванаесетте божества е КА (змеј), бог на здравјето и на Македонците од Горна Македонија.
 
golemoto-oko-3
 
На санскрит, еден од најстарите светски јазици за кои што авторите на книгата Розата од Вода напишаа дека води корен од тукашниот прастар јазик (и сме буквално во предност, затоа што знаењето ни е пред нос) канда значи крај, конечно а а’канда – бесконечно. Во индиската јога, канда е точката која што е астрален корен на човековото тело и главен канал за проток на енергијата. На латински, canda значи белина, а на турски – крв.
 
Во апокрифните текстови на богомилите, “пророштвото требало да се исполни, притоа лавот да пасе со јагнето, мечката да живее заедно со волот, а евангелието да се проповеда меѓу човекојадци и крвопијци. Ова треба да го знаат царевите за да можат да му се спротивстават навреме на бесрамниот змеј. Змејот ќе ги фати сите велможи на дрвен сплав на реката наречена Таен рај во Овче Поле.”
 
Кој ја создал сликата видлива од небо, кога и зошто, не можеме да потврдиме. Ко што не можеме да си ја објасниме синхронизираноста меѓу горенаведените топоними. Многумина македонски, не само странски научници и “eксперти” го негираат дешифрираното од Каменот од Розета – дека Декретот на фараонот запишан на средниот текст во оригинал е запишан на јазикот на древните Македонци со писмото (знаците) на живите господари во тој период – Македонската династија на Птоломеидите.
 
golemoto-oko-4
 
Но, потврдата на Руските лингвисти, најдените основни корени на глаголицата од векови подоцна се повеќе од доволни за многумина во Македонија, а и ширум светот. Меѓу ретките, а можеби и единствен јазик со буква Ѕ е нашиот. Грчкото Зе е преземено од нашето ЅЕ, што е повеќе од очигледно ~ Ѕе У Се = Оној кој што гледа низ проѕирот, ОНОЈ КОЈ ШТО ГЛЕДА СЕ.
 
Во блиска иднина, локалните истражувачи очекуваат бесплатна експертиза од врвни светски научници заинтересирани за феномените на Овчеполието. Претставата на соѕвездието Касиопеја е можен маркер за уште неколку прастари астрономски белези на земјава.
 
 
пишува
 
Никола од Свети Николе
 
Македонска Нација
 
ноември 2011
 


Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *