Лоза

Линеарно Б писмо на Македонска почва

Ги подигнав очите, и ете: овен стоеше покрај реката. Имаше два рога: двата рога беа високи, но едниот повисок од другиот, а оној повисокиот израсте после. Гледав како овенот боде кон запад, кон север и кон југ. Ниедно животно не можеше да му устои, ништо не можеше да му избега. Правеше што сакаше, се засили. Додека набљудував, ете: јарец доаѓа од запад врз сета земја, не допирајќи ја почвата; јарецот имаше силен рог меѓу очите. Му се приближи на двороговиот овен, кого го бев видел дека стои покрај реката, и се затрча кон него со сета жестина на својата сила. Видов како му се приближи на овенот; бесно го удри овенот и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила за да даде отпор; јарецот го обори на земјата и почна да го гази; немаше никој да го спаси овенот.
– oд книга на пророк Данило, 8:3-7, Стар Завет
Во видението на големиот пророк, козелот или влакнестиот јарец, во зависност од различните преводи на Светото Писмо, е Александар III Македонски, како не допирајќи ја земјата го победува овенот – Дариј, царот на Персија. Понатаму, пророк Даниел пишува за четирите рога кои што ќе израстат од скршениот рог на јарецот, и ни открива случувања за последното време.
Ова не е единствена споредба на Александар со јарец. Во музејот во денешна Пела постои негова статуа од 4 век п.н.е. на која што е претставен како младиот Пан (митски бог со карактеристики на јарец). Исламскиот Куран ни го пренесува преданието за Зул-Карнијан, според некои толкувања исто така Александар Македонски, господарот на двата света, оној со двата рога. Таму, тој гради огромен ѕид за да постави бариера помеѓу народите на овој и оној свет – Гог и Магог.
Каран, син на Темен, основач на македонската династија на Аргеадите добил пророштво дека стадо кози, предводено од голем и рогат јарец, ќе му го покаже местото на неговата престолнина. Така и се случило. Престолнината била Ајга (Аегеа, Еге, ајга значи коза, белина). Во таа чест, македонските кралеви носеле руна и рогови од јарци, како симбол на силата, непокорноста и слободата.
mitskiot-pan
Mитскиот Пан е претставен на монети како пред, така и по Александар, најголемиот крал што некогаш постоел. Антигон Гоната го става за покровител на македонскиот двор, и кова монети со ликот на Пан опкружен со седум ѕвезди – македонски штит – на аверс, а и со Пан како крева пехар со победа на аверс. Козата се појавува и на останати македонски монети.
Во египетските хиероглифи козата е симбол за душата. Во линеарното Б писмо исто така, постои посебен симбол за јарец. Повторно, нели случајно, овој симбол наликува на геоглифот за кој што пишувавме претходно, врховниот бог на Античките Македонци, ЅЕ – богот на Светлината и Сонцето.

Глифот, односно конкретниот пиктограм во линеарното Б писмо изгледа вака:

glifotA местото за кое пишуваме, вака:

 
Пела многумина ја нарекуваат Бела. Знаеме дека била преместена. Била Зора во слободен превод е аурора, светла зора. Значи, Бела Зора.
Кутлеш е во денешна Грција, но истоимено место се наоѓа пак во Овче Поле. Кутлеш или куц леш ~ таткото на Александар, Филип II бил куц на едната нога, но не само тој, туку и Филип III куцал на едната нога…
пишува
Никола од Свети Николе
Македонска Нација
ноември 2011

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *