На 21 јуни, во 01 часот и 9 минути, на северната полутопка и во Република Македонија почна летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка четвртокот беше најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, најкраткиот ден. Така, Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, зајде во 20 часот и 12 минути. Денот траеше цели 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути. Веќе од петок (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2012 година. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни одејќи од екваторот кон половите, а различни се дури и во нашата држава.
Географска ширина: 0° |
10° |
20° |
30° |
40° |
50° |
60° |
66°33’ |
Најдолг ден 12 часа |
12ч35’ |
13ч13’ |
13ч56’ |
14ч51’ |
16ч09’ |
18ч30’ |
24ч |
Најкраток ден 12 часа |
11ч25’ |
10ч47’ |
10ч04’ |
9ч09’ |
7ч51’ |
5ч30’ |
0ч |
Така, во најјужните делови на Македонија (во правец на Битола), денот траеше 15 часа и 5 минути, а во најсеверните делови (над Крива Паланка) 15 часа и 17 минути. На екваторот, денот и ноќта беа подеднакви – по 12 часа. На северниот пол, пак, денот веќе трае непрекинато 6 месеци, а на јужниот пол со слично траење од 6 месеци е ноќта. Летото ќе заврши на 22 септември во 15 часот и 49 минути (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.
Автор: д-р Ивица Милевски, ИГЕО портал