Лоза

Дневник: Кавадарчанец тврди дека има лек за рак на кожата

Пензионираниот полицаец Благоја Ангелевски од Кавадарци тврди дека има лек против рак на кожата, но вели дека не сака да го патентира својот изум плашејќи се дека ќе му го украдат рецептот.
Открива само дека лекот е на природна база. До него дошол кога своевремено почнал да бара чаре за проблемот на својата сопруга и го нашол спасот. Сега во подрумска просторија од четири квадрати во неговата зграда доаѓаат многу луѓе за да ги намачка со лекот и да им го отстрани израстокот на кожата. Мелемот е уште од пред околу половина век и се наѓа и во цврста и во течна состојба.
Го прашавме како реагира медицината на неговата работа.
– Добрите доктори ја коментираат мојата работа со восхит. Дел од нив и самите доаѓаат кај мене по помош. Но имам и противници, но тие се се шарлатани. Тие не го разбираат нивниот, а камоли пак мојот занает – одговори горделиво.
Овој седумдесетгодишник откри дека спасил многу бракови како во Македонија така и во странство. Се работело за бракови во кои еден од сопружниците одненадеж се здобивал со брадавици во пределот на гениталиите.
– Станува збор за медицински кажано кондиломи, а по наше, тртки или брадавици. Почести се кај муслиманите оти тие се бричат околу гениталиите, тоа им е обичај. Се случува развод поради недоверба кај партнерот од каде пак сега брадавици во тој дел од телото. Многумина си ја здржуваат брачната заедница после мојата интервенција – објаснува чичко Благоја.
Вели дека веќе 45 години им помага на пациенти од сите профили, па и на доктори на науки. Нескромно вели дека е тој најдобриот кожен естетичар. Цената на лекот зависела од проблемот за кој се барала помош. Тврди дека нема последици од неговата интервенција. Ни покажа многу фотографии од личности кои ги фотографирал пред и после неговиот третман. Тајната за приготвување на лекот ја знаела само неговата ќерка која исто како и татко и, им помага на луѓето.
На интернет-страницата на овој народен лекар, како што самиот се нарекува, стои дека со единствениот најмоќен лек „мраморно камче“ лекува израстоци на кожата, но не и болести на неа. Негови пациенти се возрасни лица, старци, па и деца.
 
 
 
извор: ДНЕВНИК

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *