Лоза

Евридика, бабата на Александар, е родена во Стивера

По откриените гробници во Кутлеш преовладало мислење дека и Евридика е таму погребана. Никој не се потрудил да дознае дека Евридика е родена во Стивера и со сигурност треба да се верува дека таа е погребена во градот во кој е родена.

Важно е при вршење на ископувања да се знае од кое време е потеклото на градот. Не може статуи пронајдени во старомакедонски град да се сметаат како римски статуи или други артефакти. Колку жалосна беше сликата кога пред зградата на Владата на Република Македонија беа поставени првите статуи од Стивера и Хераклеа, а под нив стоеше натпис на македонски и англиски јазик дека се римски статуи од вториот век н.е.
Ниту едното ниту другото не се точни. Како можат да се римски кога се пронајдени во македонски градови и како може да се од вториот век од новата ера градени во време кога постоело македонското царство? Уште пожалосно е кога наши научници тврдат дека тие се од хеленистичко време.
Но, да се вратиме на Стивера. Таа денес е опустошена и би се рекло запоставена од археолозите. Во порано откриениот дел на Стивера можат да се прочитаат натписите што значи илјадарх и стотник.
Познато е дека македонската држава установена од Филип Втори била поделена на 12 покраини, а со нив управувале 12 илјадарси. Секој илјадарх именувал стотници на десет поголеми градови на покраината. Стотниците биле задолжени за редот и безбедноста на својот град. Нивна должност била и обуката на сто фалангисти спремни за војување со сариси. Секој илјадарх бил задолжен пред царот да има во готовност илјада фалангисти. Фалангата била македонски феномен. Ниту една друга војска не била во состојба да има таква воена формација каква што била македонската фаланга. Фалангистите воените вештини ги изучувале почнувајќи од својата 12 година сé до 18-годишна возраст. Фалангата претставувала цврсто организирана воена формација со висок морал, цврста дисциплина и способност за извршување секакви воени дејства.
Основно оружје на фалангата била сарисата направена од дренов стап, долг до 5 метри и тежок од 3,5 до 4 килограми. Вештините на фалангата ги применувале исклучително Македонците. Да се потсетиме на еден пример од времето на походите на Александар. Кога Александар побарал генералите да вклучат во редовите на фалангата и припадници на азиските народи, тие протестирале, велејќи му на царот дека „фалангата не е за балетани и акробати“.
Да се вратиме пак на Стивера.
Светските научници се во дилема кога се работи за местоположбата на гробот на царицата Евридика, жена на Аминта и баба на Александар. Порано се тврдело дека Евридика е погребена во Хераклеа, бидејќи оттаму како принцеза Аминта ја зел за жена. По откриените гробници во Кутлеш (Вергина) преовладало мислење дека и Евридика е таму погребена. Никој не се потрудил да дознае дека Евридика е родена во Стивера и со сигурност треба да се верува дека таа е погребена во градот во кој е родена. Во непосредна близина на Стивера на рамно поле и ден-денес може да се види тумба со дијаметар од околу 50 метри и височина од 10 метри. Нема никакво сомневање дека се работи за царска гробница. Оваа гробница сигурно и била добро позната на Олимпија зашто одговарала на нејзините критериуми – била на дофат до Пела.
Во една средба со мештаните од селото Чепигово ми раскажаа интересна историја за таинствената тумба: тие тврдат дека од дедо прадедо останало верувањето дека гробницата претставувала свето место и била оградена со мермерни плочи. Никој од кога се памети, дури и од времето на Отоманската империја, не се обидел да зема нешто од неа. Тоа било строго забрането дури и од самите Турци, сé до 1913 година кога почнало да се товарат на маски прво мермерните плочи, а потоа и да се прекопува големата тумба.
Со откривањето на градот Стивера и пронајдените безбројни статуи и други артефакти заинтересираноста за новопронајдениот град ја спасила гробницата која останала сочувана до денес. Стивера е уште еден бисер од нашето непроценливо културно богатство, која може да го потресе светот со скриените тајни.
Олимпија долго и сестрано размислувала за изборот на локација која би гарантирала сигурно и безбедно засолништво за ковчегот на Александар. Тоа би требало да биде на проодно место во близина на поголеми градови и исто поблизу до Пела. Олимпија била остроумна и поседувала голем интелектуален капацитет. Таа не смеела да згреши.
Во непосредна близина на Стивера на рамно поле и ден-денес може да се види тумба со дијаметар од околу 50 метри и височина од 10 метри. Нема никакво сомневање дека се работи за царска гробница. Оваа гробница сигурно и била добро позната на Олимпија зашто одговарала на нејзините критериуми – била на дофат до Пела.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *