Лоцирањето на царот не било лесна задача. Борис уште бил скриен и дури најблиските советници незнаеле за неговата локација. Лулчев очајно ја пребарал земјата, но како времето изминувало се решил да се врати кај Д’нов за помош. Според една биографија, Д’нов медитирал во собата неколку минути, концентриран врз локацијата на Борис. Излегол изговарајќи еден збор: Кричим. Тоа било името на град/дворец во јужна Бугарија. Лулчев веднаш тргнал натаму и се сретнал со прилично изненадениот цар.
Наскоро, Борис повикал да се ослободат сите Евреи кои што чекале депортација. Ваквата постапка на царот била предизвикана како од појавата на Лулчев и притисокот од неговите сонародници, така и од силата на советот на Д’нов. Парламентарците се здружиле за да ја заштитат еврејската популација, но бидејќи царот се криел, останале со “врзани раце”. Вмешувањето на учителот Петар Д’нов во целата ситуација го променило текот на настаните.
Хитлер бил и повеќе од иритиран од пресвртот на настаните, како и од одбивањето на Борис да се вклучи во војна против Советскиот Сојуз. Во Август 1943тата, Фирерот го пречекал царот на приватна средба во источна Прусија – патување од кое што Борис никогаш не се опоравил.
Се вратил изморен и во депресија и починал мистериозно само неколку денови подоцна, на 49 годишна возраст. Нашироко се шпекулира дека на приватниот состанок била изиграна валкана игра.
Во 1944 Советските сили влегле во Бугарија, а Петар Д’нов починал два дена пред комунистичките власти да го уапсат за неговите спиритуални учења. Владата продолжила да ги малтретира и прогонува неговите следбеници сè до падот на комунизмот во 1989.
0 Comments