Лоза

МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ (2) Во кралството на јавниот дискурс

Тие зборуваат за „вашата земја“ и за „оваа земја“ и за „вашиот народ“ и, се разбира, го користат привремениот и фиктивен дериват. Зошто не можат тие да ја направат вистинската работа? Во рамките на НАТО, Турција ја прави вистинската работа, инсистирајќи Македонија да ја нарекуваат со нејзиното уставно име. Kому му е гајле ако Грција се навредува
Неодамна забележав реклама на интернет на компанијата LifeLock, која се промовира под мотото „Неуморно заштитувајќи го вашиот идентитет“. Но вниманието за рекламата ми го привлече нејзиниот слоган – „мојот идентитет е мојот живот!“ Во светот на онлајн-кражби на идентитетот, оваа компанија нуди онлајн-заштита на идентитетот на индивидуалците и на бизнисите. Таа фраза – мојот идентитет е мојот живот – е многу вистинита. Срцевината на нашиот идентитет – името со кое се нарекуваме себеси како национална и етничка идентификација – е јадрото на нашиот живот. И како што напишав минатата недела, името е неделиво од идентитетот.
Имињата се секогаш дел од идентитетот. На пример, ние што се идентификуваме како христијани, го земаме нашето име, нашиот идентитет, од Христа. Во Делата апостолски од Новиот завет, 11:26, се вели: „И прво во Антиохија учениците ги нарекоа христијани.“ Христијанскиот идентитет го зема своето име од Христа. Во Стариот завет, во Псалмите 5:11 се вели: „И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител; и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име.“ Забелешките во мојата англиска верзија на Библија за тој стих велат: „Името Божјо е манифестација на неговиот карактер. „Kарактерот, се разбира, како збор од атрибути и карактеристики што ја прават една личност или една нација. Манифестација на неговиот карактер е и неговото име, неговиот идентитет.
Идентитетот е една од оние теми што се тешки за разбирање. На крајот на краиштата, ако вашиот идентитет не е под закана како да ги сфатите и сочувствувате со оние чиј идентитет е загрозен? Знам како е да си гладен, но никогаш не сум бил во ситуација да гладувам. Знам дека други низ светот гладуваат или се во опасност од гладување и можам да изберам да ги дадам моите хуманитарни долари во организациите што се борат против гладот во светот. Но гладот е видлив, сфатлив и опиплив. Идентитетот не е баш.
Идентитетот таму е по малку езотеричен, спиритуален. Може да го видите арсеналот или декорациите на идентитетот – знамињата, на пример – но човек не може да го види самиот идентитет. Исто како и гравитацијата, која можете да ја почувствувате и чии ефекти ги гледате, но не можете да ја видите неа. Не може да ја допрете, да ја помирисате или да ја вкусите, но ако некој ви го повлече столот на кој седите, вие и тоа како ќе ги почувствувате ефектите од неа! Затоа прашањето се чини очигледно: како да ги натерате другите да го сфатат идентитетот кога изгледа дека не можат да го сфатат? Можеби, тоа сепак и не е вистинското прашање. На крајот на краиштата, 133 држави ја признаа Македонија под нејзиното уставно име и ги нарекуваат народот и јазикот македонски. Дури и моќниците, без оглед дали се од НАТО, ЕУ или од ОН, приватно ги нарекуваат државата, народот и јазикот со нивното вистинско име. Но кога ќе влеземе во кралството на јавниот дискурс на тие интернационални форуми, истите тие моќници занемуваат за вистинските имиња. Тие зборуваат за „вашата земја“ и за „оваа земја“ и за „вашиот народ“ и, се разбира, го користат привремениот и фиктивен дериват. Зошто не можат тие да ја направат вистинската работа? Во рамките на НАТО Турција ја прави вистинската работа инсистирајќи Македонија да ја нарекуваат со нејзиното уставно име. Kому му е гајле ако Грција се навредува?
Лекција за денес: Во познатиот роман на Џорџ Орвел „Животинска фарма“, книга која имаше визија и која прогласи дистописка иднина под социјализмот (Европа и на каде таа се движи сега), група животни ја преземаат власта во фармата од своите сопственици-луѓе и почнуваат да ја водат сами. Свињите од Kомитетот, Сноубол и Наполеон, се наметнуваат себеси како лидери, носат правила за работа на фармата и издаваат закони за останатите животни, од кои најважен е последниот: „Сите животни се создадени еднакви.“ Kако што минува времето, свињите се навлекуваат на привилегиите и придобивките на власта и почнуваат бавна кампања да ги убедат другите животни да работат понапорно, додека свињите почнуваат да уживаат во привилегиите во кои претходно уживале нивните човечки газди. До крајот на приказната, најважниот закон се смени во: „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакови од другите.“
Звучи познато? Ти, Македонијо, беше (минато определено свршено време) еднаква со другите држави кога станува збор за правилата и барањата за членство во клубовите НАТО, ЕУ, ОН итн. Но, како што минуваше времето, ти стана помалку еднаква. Знаеш кои се свињите, а сега разбираш и дека тие го водат шоуто.
Извор: ДНЕВНИК

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *