„Фолтин“ е една од најпознатите групи од Битола, Македонија, која постои од 1997 година. Групата учествувала на многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија, и неколку пати биле наградени за нивната работа.
Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како надреална, страстна и жива, со жешка танцувачка атмосфера, која ја постигнуваат со брзите македонски ритми. Иако групата користи стандардни музички елементи, пристапот во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален. Музичкиот јазик на „Фолтин“ е имагинарна смеса или фонетска имитација на јазици, како што се: шпански, француски, португалски, романски, таканаречен „спонтан eсперанто“ итн. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси. Но, тоа не е воопшто чудно имајќи го предвид фактот дека членовите на групата работеле на музика за театарски претстави.
Членови на бендот
- Пеце Николоски – кларинет, каос пад
- Бранислав Николов – вокал, гитара
- Пеце Трајковски – дигитален акордеон
- Гоце Јованоски – бас
- Славчо Јовев – тапани
- Маријан Станич – перкусии
Фолтин на SoundCloud
Фолтин на FB
Дискографија
- Outre-Mer (1997)
- Archimed (2000)
- Donkey Hot (2003)
- Lo-Lee-Taa-Too (2005)
- Penelope X (заеднички проект со Никола Коџобашија и Гоце Стефковски) (2011)
- Оваа Трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо (2008)
- Антитело (2012).
0 Comments