ВестиОвче Поле

Има ли нафта во Овче Поле или нема? Што барале екипите од „Нафтагас“?

Има ли нафта во Македонија или нема? На оваа тема кај нас се дебатира, за неа се пишува цели четириесет години. Дилемата трае од 1968 година, кога екипа на „Нафтагас“ од Нови Сад дојде во овчеполската рамнина и започна да трага по црното злато. Дупчалките на оваа компанија, под топлото сонце овчеполско, во атарот на селото Ерџелија, работеа на две места. На првото стигнаа до 1.755 метри, на другото навлегоа во утробата на земјата до 1.925 метри. Авторот на овој текст, кој и во тоа време беше новинар, пишуваше за „Вечер“ и добро памети дека од една од дупчотините прво бликна црна течност, а потоа излезе гас кој неколку месеци гореше како светилник над заспаната рамнина. Беше тоа повод десетици новинарски екипи од цела тогашна Југославија да дојдат во Овчеполието за да ја запознаат јавноста со големото откритие. Но, некако ненајавено, речиси преку ноќ, трагачите по нафта си ја спакуваа опремата и си заминаа од Македонија откако претходно ги пломбираа дупчотините кои и денес стојат негибнати од времето и сведочат за една надеж која бргу се појави и уште побргу замина во историјата на големите наши мистерии.

ПРИСТАПОТ СТРОГО ЗАБРАНЕТ Василие Ристовски од Ерџелија и денес живо се сеќава на времето кога траеше треската по црното злато. Во шеесеттите години од минатиот век тој беше заменик-директор на ДОО „Ерџелија“ во рамките на ЗИК „Овче Поле“. Беше еден од ретките кој имаше пристап до строго забранетиот терен на кој се одвиваше дупчењето.

„Од Нови Сад прво дојдоа од раководството на компанијата. По разговорите во општината со тогашниот претседател, сега покојниот Душко Гиговски, и со генералниот директор на комбинатот, Анѓел Шумански, тие ни зедоа нива со површина од три хектари и за неа платија три години однапред за изгубениот род и за печалбата што ја очекуваше комбинатот. Екипата имаше од 25 до 30 луѓе. Јас имав задача да го организирам снабдувањето со техничка вода и со вода за пиење за нивните секојдневни потреби. Пред да започнат да дупчат, тие распослаа една карта на која јасно беа исцртани две траси, првата беше трасата Амзабегово-Врсаково, а втората Кнежје-Ерџелија-Судиќ. Прво извршија пробни дупчења, а кога дојдоа до стотина метри ставија експлозив, па по експлозијата од дупчотинита протече вода. Тие рекоа дека тука има „жива“ вода, но тоа нив не ги интересираше. Никој не сакаше да говори (или не смееше) за она што беше предмет на нивниот интерес, а тоа беше нафтата, но и тие беа луѓе, па кога навечер ќе се олабавеа малку знаеја да „пуштат“ и по некоја важна информација. Еден ден ми спомнаа за некаква нафтоносна траса, односно „дага“ како што ја нарекуваа, која започнува од Романија минува преку Македонија и завршува во Албанија, а која свој крак имала во Овчеполието. Тоа е се’ што можев да дознаам од нив, иако беа многу учтиви не сакаа никаква информација да им излезе од устата. Нивната операција се заврши така што од едната, подлабока дупчотините излезе гас, нафта немаше“, тврди Василие Ристовски, кој денес во Ерџелија ги живее пензионерските денови.

На овој терен трагачите по нафта од Нови Сад останале околу две години. И денес останува енигма зошто го напуштија теренот, дали поради тоа што не успеале да го најдат она што го барале или затоа што мисијата им била само да дознаат дали има или нема нафта, а економската експлоатација да ја остават за подобри времиња. Откако си ги спакувале машините, луѓето од „Нафтагас“, според Ристовски, заминале да дупчат спроти Башино Село, но оттаму бргу заминале за Пожаревац и на некоја локација во Црна Гора.

Глобус, 2008

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во ше­е­се­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век нај­го­ле­ма сен­за­ци­ја во ме­ди­у­ми­те пре­диз­ви­ка­ло дуп­че­ње­то на ра­бот­ни­ци­те на „На­фта и гас“ од Но­ви Сад во 1969 го­ди­на. Не­дел­ни­кот „Ка­пи­тал“ уште пред не­кол­ку го­ди­ни ги ре­об­ја­ви на­пи­си­те во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ од тоа вре­ме, кои све­до­чат за еу­фо­ри­ја­та што на­ста­на­ла по дуп­че­ње­то кај Ер­џе­ли­ја, Све­ти­ни­кол­ско.

Сил­на­та еруп­ци­ја би­ла пре­диз­ви­ка­на од дуп­че­ње­то, а из­ва­ди­ле на­фта и гас на по­вр­ши­на­та на ер­џе­ли­ска­та дуп­ка на 2 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на. Ве­ста за на­фта сил­но ги про­трес­ла штип­ски­от и све­ти­ни­кол­ски­от по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент и на­се­ле­ни­е­то. Рас­по­ло­же­ни­е­то поч­на­ло да пре­ми­ну­ва во по­зи­ти­ви­стич­ка ко­ле­ктив­на хи­сте­ри­ја. Тоа го воз­бу­ди­ло и врв­ни­от по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент во Бел­град. По­ра­ди тоа, ду­ри Ла­зар Ко­ли­шев­ски, кој во тоа вре­ме бил член на пре­тсе­да­телс­тво­то на Цен­трал­ни­от ко­ми­тет (ЦК) на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти на Ју­гос­ла­ви­ја (СКЈ) и член на Со­ве­тот на Фе­де­ра­ци­ја­та (член на нај­ви­со­ко ра­ко­водс­тво на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја), до­шол да ја сми­ри ат­мо­сфе­ра­та и да им да­де ин­струк­ции на ло­кал­ни­те по­ли­ти­ча­ри, сто­панс­тве­ни­ци и пар­ти­ски де­ле­га­ти.

Ко­ли­шев­ски го при­дру­жу­ва­ле ви­со­ки др­жав­ни и еко­ном­ски прет­став­ни­ци при по­се­та­та во Све­ти Ни­ко­ле, што по­твр­ду­ва де­ка на­ста­нот од 2 фе­вру­а­ри сил­но ги раз­бра­ну­вал си­те стру­кту­ри во то­гаш­на­та фе­де­ра­ци­ја. Во на­пи­си­те об­ја­ву­ва­ни на нас­лов­ни­те стра­ни­ци на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ се пре­не­се­ни све­дош­тва на ра­бот­ни­ци на ер­џе­ли­ска­та на­фте­на истраж­на пла­тфор­ма.

„Пло­до­род­но­то Ов­че По­ле, еден од жи­то­род­ни­те ре­ги­о­ни, е на до­бар пат во бли­ска ид­ни­на да пре­рас­не во пр­во на­фто­нос­но по­ле во Ма­ке­до­ни­ја. По по­ве­ќе­ме­сеч­ни истра­жу­ва­ња, ра­бот­на­та еди­ни­ца на „На­фта гас” од Но­ви Сад, под ра­ко­водс­тво на ин­же­не­рот Зо­ран Ми­ло­ва­но­виќ, на дуп­ка­та Ов­че По­ле 1, бли­зу се­ло­то Ер­џе­ли­ја, Све­ти­ни­кол­ско, на­и­де на пр­ви­те сло­е­ви на на­фта и гас“ (Но­ва Ма­ке­до­ни­ја, 5 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на).

„Од­вај ус­пе­ав­ме да ја за­пре­ме сил­на­та еруп­ци­ја на на­фта и гас. Ако не ус­пе­ев­ме, мо­же­ше да се слу­чи нај­ло­шо­то. Се­га еруп­ци­ја­та, ка­ко што гле­да­те, е скро­те­на и таа ќе се пу­шти ко­га за тоа ќе би­дат из­вр­ше­ни под­го­то­вки“, ни ре­че Рај­ко Ми­тро­виќ, во­дач на сме­на­та на дуп­ка­та и ра­бот­ник од „На­фта гас“. Ова е из­ја­ва што „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ја об­ја­ви­ла ка­ко глав­на вест на нас­лов­на­та стра­ни­ца на 5 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на.

Ста­ну­ва збор за све­до­че­ње на ра­бот­ник, кој ра­бо­тел на на­фте­на­та пла­тфор­ма кај се­ло­то Ер­џе­ли­ја.

„Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ об­ја­ви­ла де­ка експ­ло­зи­ја­та на га­сот пре­диз­ви­ка­на од дуп­чал­ка­та на „На­фта гас“ се слу­чи­ла на 2 фе­вру­а­ри око­лу 10 ча­сот утри­на­та. Во тек­стот об­ја­вен на 5 фе­вру­а­ри пи­шу­ва де­ка на дла­бо­чи­на од са­мо 470 ме­три из­би­ла сил­на експ­ло­зи­ја на гас со по­ја­ва на на­фта, ко­ја, ка­ко што пи­шу­ва, мо­же­ла да се ви­ди ду­ри од Ер­џе­ли­ја.

Но, што се слу­чи­ло – по са­мо не­кол­ку ме­се­ци ра­бо­та, ра­бот­ни­ци­те на „На­фта и гас“ си за­ми­на­ле. Истра­жу­ва­ње­то би­ло пре­ки­на­то. Ни­ко­гаш не би­ло об­ја­ве­но да­ли та­му мо­же да има на­фта иа­ко ма­ке­дон­ско­то Со­бра­ние од­во­и­ло зна­чи­тел­ни средс­тва за да про­дол­жат ис­пи­ту­ва­ња­та. И ту­ка за­вр­шу­ва це­ла­та при­каз­на за ов­че­пол­ска­та на­фта.

Во се­кој слу­чај, со пос­лед­на­та ини­ци­ја­ти­ва на Вла­да­та се чи­ни де­ка сме на нај­до­бар пат да откри­е­ме да­ли има на­фта во Ма­ке­до­ни­ја.

Република, 2014

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.