Македонија

Воло река, Дрим

Еднаш свети Наум врвел крај селото Тушемишта. Го на­паднале кучиња. За чудо, ќе го изедат. Мафтај, фрлај, ама не мо­же да се одбрани. Во тоа време воловите што паселе во полето оделе да пијат вода на езеро. Но, кога го слушнале лаењето на кучињата и викањето на свети Наум, бранејќи се од нив, се вра­тиле и со сета сила им се пуштиле на кучињата и го одбраниле светецот.
За спасувањето од кучињата, свети Наум ги благословил тушемишките волови и му се молел на Господа тука, некаде во близината, да потече вода за воловите да не мора да одат дури на езеро. Набрзо се појавил извор близу до Загоричани. Потокот од изворот се протегал низ полето и близу до Тушемишта се влива во Охридското Езеро. Оттогаш воловите пиеле вода од тој поток.
Бидејќи водата потекла со молење на свети Наум за воло­вите, потокот го добил името Воло река, што значи: река за во­ловите/од воловите. Подоцна потокот е преименуван во Дрилон, т.е. Дрим, но старото име и до ден-денес не е заборавено..

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *