Коментари

М е за Мака, Македонија, Мир…

2012та. Рекоа крај на свет, и им се зголемија приходите…
Греота за народот, му кажале без да му докажат – календарот на Маите не завршува, туку само пресметува до оваа, 2012та година. Секое лошо за добро е, ко што и секој крај е за нов почеток. Измеѓу може да има војна, затемнување на сонцето, природна катастрофа, или пак едноставно – мир. За волја на вистината, зборот МИР прочитан обратно е Рим. Ќе си речам па што, не само обратно, туку и кога ќе се направи анаграм од некои кратенки кои што го одбележаа 20от век, излегува дека АСНОМ е анаграм од масон,  АВНОЈ анаграм од војна, а обратно од вид е див! Здивев  од досада кога видов дека и во 12та година од 21от век од кај што нема мир, па и некој ми ја вознемирува земјава. Како да живеам во најмрачната книга за глобален заговор. Па и се дрзнаа да заплашат со нова војна, нова поделба.
Оти? M? Ооо Ти! Оти?

Војна или Мир? Зар не може ни тоа ни тоа? Пу, јазк! Жално, сепак сум се родил во свет кој што е дуален, поделен на плус и минус, добро и лошо, нагоре и надолу, лево и десно, итн… Како да ни велат баш меѓу редови – Зошто тешко кога може да е потешко, рече еднаш еден чичко со мустаќи згрчувајќи ја устата од немоќ. Епа стари, ко да беше во право. Пак…
Бев прво одделение баш во 91вата. 21 година подоцна, сведочам дека пак сме ставени на избор – војна или мир, добро ал лошо? Нека ми прости небото, но овој пат иако можам, не смеам да бирам. Оти, што е добро а што лошо? Зар МИР е кога не напаѓаат платени убијци, кога секојдневно во етерот циркулира квазиновинарска пропаганда на вибрација што е одвратна и на самиот ад? Или она што излажаа дека е мир, всушност е војна – на други, нели за вас непостоечки нивоа.
Војна за колективната надсвест, потсвест и свест! За пак да паднеме во несвест и да заборавиме дека имаме душа огромна за целиот свет? А тој, светот – мал е. Мали сме и ние ко раја, со очајни обиди да еволуираме за ќефот на Европа, деволуиравме. Европа и нејзините евра со блудницата од Вавилон на аверс не го сакаат македонскиот денар. Зошто, јас незнам. Само се сеќавам дека и во Библијата парите се денариуси. Пак случајно, случајностите се прекрасни. Во истата таа Библија, учењето на Месијата се пренесува во Европа кога на поранешниот Савле, веќе покрстен во Павле, на сон му се јавува Еден Македонец со раширени раце, повикувајќи го: ДОЈДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОМОГНИ НИ. Апостолот на Христа тргнал на пат, покрстувајќи прво Македонка со име Лидија.
Немојте зорле да прашувате која е Лидија…
Стариот Завет ни пренесе цело пророштво за Најголемиот Цар на сите времиња – Македонецот Александар! Му се видело на пророкот Даниел како еден јарец се движи толку брзо кон исток, не допирајќи ја земјата, така што ништо на светот не можело да го сопре. Ништо, освен двете нешта заради кои што од престолот до Креаторот паднал и озлогласениот носач на светлината – гордоста и суетата! Тој небесен јарец меѓу двата рога имал голем рог, доволно развиен за да ги допре и највисоките небеса. Кога влегол во сфери каде што сепак, на човека не му е дадено да престојува, рогот се скршил и на негово место израснале четири, помали рогови. По смртта на Александар, Македонија е поделена на четири дела, владеени од неговите генерали. За да четворката си го задржи двојното двојно, некој век подоцна Римјаните ја поделиле пак на четири дела – мериди, забранувајќи на домородното население секаков меѓусебен контакт, ставајќи црн печат на се што е Македонско. Оти штом е Македонско, значи дека е древно.
Изразот антика е само дефиниција за временски период во научниот шаблон на и онака бесмислените науки – бесмислени бидејќи ниту една не успеала да го докаже постоењето и креацијата. Ниту една! Толку дрски, дури и се осмелуваат да “ги исправаат грешките на природата”. Зар природата може да згреши? Совршеноста на Создавањето и неискажливата со збор убавина на се она што е живо се најголемо чудо, факт. Факт е и дека некој си ја губи силата. Полека или не, незнам – ама бидејќи лошо со добро не се победува, ами со поголемо лошо  – вајстина војна е.
Мир е обратно од Рим, па што? Истиот тој Рим ни седнал на шија пред точно 2160 години, поделувајќи не во 148 пне., градејќи ѕидови за да не се мешаат старите, иселувајќи многу од нив roma amor… Една од науките – астрономијата, пресметала дека за да на небото помине еден цел астролошки циклус, конкретно сега – преминот од Риби во Водолија, се потребни – 2160 години.  Ви реков дека случајностите се прекрасни.
А обратно  од мозок е козо, па останува едно М? М е за Македонија, за мелем на раните, за троа,само  малку…МИР.
извор: Курир

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *