ВидеаКарти и мапиКнигиКоментариОвче ПолеФото

Водата во жедното Овче Поле

И ден денес, во Свети Николе може да се слушне дека некогаш одамна “во градот имало 40 цркви кои биле изгорени од Османлиите, а останала само најголемата – црквата Свети Никола”. Оваа легенда претставува заменување на имињата на градот Свети Никола, кој во турските тапу дефтери е запишан како Клисали (Килисали), со името на Старо Нагоричане – Крк Клисали. Крк на турски значи 40, а клисали – црквино, место со цркви. И ден денес, не се пронајдени материјални и пишани докази за наводното постоење на 40 цркви во ова градче. Сè до пред 40тина години, во градот постоеле дел од старите чешми, од кои денес останаа едвај неколку. Генерациите на нашите баби и дедовци ни зборуваа за многуте чешми, вади, канали и силната вода во реките во околината. Генерациите на нашите родители ги паметат градските чешми, но и капењата во реките. Денес, фонтаните одамна не работат, а и нема чешмички од кои граѓаните би можеле да се освежат за време на летото и високите температури. Иако многумина знаат да спомнат како Овчеполието некогаш било езеро, како течеле големи реки и имало многу чиста вода, денешните генерации немо ги слушаат овие муабети на повозрасните и тешко веруваат на истите. Тоа е така затоа што и покрај забраната за пиење на вода од градскиот водовод која траеше повеќе од десет години, иако сега водата од водоводот е дозволена за употреба, сеуште се чести прекините на вода во градот. Познато е дека во почетокот на 50тите години на минатиот век, од целата Република, само Свети Николе и Сарај имале базени за капење. Денес, реките се повлечени длабоко под земјата, а базенот сеуште е само фантазија за Овчеполци…

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.