избор

Убавините на Македонија во свеста на Македонците

Македонското народно творештво изобилува со примери во кои се воспеваат природните убавини на Македонија. Со нивно посредство низ изминатите векови македонскиот народ, меѓу другото, ја градел свеста за убавината, ги овековечил своите погледи кон убавото и чувството кон естетското доживување на својата татковина, создавајќи свој естетски идеал. Недвосмислено, тој покажал дека има изострен вкус во откривањето и прикажувањето на убавото, а со тоа и својата приврзаност, љубов и почит кон татковината, како нешто свето и достоинствено.
Македонското народно творештво изобилува со примери во кои се воспеваат природните убавини на Македонија. Со нивно посредство низ изминатите векови македонскиот народ, меѓу другото, ја градел свеста за убавината, ги овековечил своите погледи кон убавото и чувството кон естетското доживување на својата татковина, создавајќи
свој естетски идеал. Недвосмислено, тој покажал дека има изострен вкус во откривањето и прикажувањето на убавото, а со тоа и својата приврзаност, љубов и почит кон татковината, како нешто свето и достоинствено.
Љубовта и восхитот, поврзани со емоционалната осетливост, претопени во едно возвишено естетско чувство носат во себе посебна содржина и посебни димензии на прифаќањето на убавото. Убавината на природата добива особено естетско доживување кога таа е збогатена со дела на човековата дејност. Таа тогаш се здобива со елементи на културно, духовно и патриотско чувтство. Визуелната средба со природните убавини збогатени со уметничките вредности се надградува во една хармонија на природата и делото на човековиот ум кој во суштина е творечки и уредувачки. Таа испреплетеност овозможува полно и совршено естетско доживување.
Убавините на македонската земја, кои предизвикуваат чувство на убавина од два аспекти: прво, реалната природна убавина, испреплетена со прекрасните дела изградени од човекот, кои на свој начин овозможуваат збогатено
естетско доживување, и второ насладата која ја доживува читателот, читајќи ги прекрасните описи или настани сврзани со дадениот објект или локалитет. Во врска со тоа, материјалот го групиравме во две групи: прво, природни убавини – убавини што ги пружат македонските планини, езера, реки и сл., и второ, убавини, дела на човековата дејност од сакрален карактер.
– од
УБАВИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ – ПО ПРИМЕРИ НА НАРОДНАТА ТРАДИЦИЈА
Танас Вражиновски

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *