Коментари

Туларем

Што е, всушност, туларем? Овој збор е неологизам, кој е произведен од терминот туларемија, а тоа, всушност, е една заразна болест која ја пренесуваат глодарите, најчесто глувците и стаорците. Туларемијата е зајачка треска, која се манифестира како целосна слабост на организмот со висока температура. Туларемијата се појави во последно време во атарот на некои села во нашата земја, а можеби главните причини за овие состојби беа големите врнежи во Македонија кои предизвикаа поплави, при што подземните води избија на површината на земјата и ги изгонија глувците и стаорците надвор од нивните преплавени дувла.
Во секој случај, шаманското или, пак, херметичкото толкување на некои појави или знаци во природата реферираат на одредени турбуленции во општеството, а посебно во политиката, како главен наратив на општиот дискурс на граѓаните.
„Бомбите“ на шефот на опозицијата воедно кореспондираа на чудесен, магиски, би рекол, начин со поплавите и со масовното излегување на глодарите од нивните подземни живеалишта, а со тоа и со појавата на одредени локални епидемии на туларемијата или, како што рековме, на зајачката треска.
Токму затоа, поради овој синхроницитет од симболи и значења, ми дојде идеја за воспоставување една фиктивна владетелска титула, која би ја нарекол туларем, а тоа е владетелската титула на шефот на опозицијата.
Значи, шефот на опозицијата, како водач на подземните сили, на сите оние алтернативни групации со недвојбена амбиција да ја урнисаат постојната власт и да станат владетели и координатори на општествениот систем, станува туларем, водач на „револуционерите“, на незадоволниците, на сите оние сили што го опструираат и компромитираат постојниот режим.
Оваа титула, наречена туларем не може да ја носи кој било водач на опозициска партија. Туларем може да биде само еден и единствен, беспоговорен и неприкосновен лидер на сите здружени опозициски движења.
Туларем е еден вид император во сенка, а неговиот авторитет помеѓу обединетите групации за уривање на постојната владетелска структура не е никогаш доведен во прашање. Туларемот е, воедно, и главниот гласноговорник на побунетите, тој е секогаш на чело на превратот. Овој темен или, подобро, темносив водач – туларем, всушност, е и најфанатичниот бунтовник, тој е симбол на самиот преврат.
Туларемот дејствува во координација со своите главни соработници и советници, од кои еден дел дејствуваат јавно низ нивните медиуми, а другиот дел раководи со револуционерниот процес од сенка и, често, во најголема тајност. Туларемот ,всушност, е врвот на пирамидата на алтернативната моќ со претензии да ја заземе позицијата на власт. Неговата волја станува волја на превратниците, а сите овие бунтовници со сите свои претензии и амбиции еманираат во туларемот како еден вид холограм, при кој доаѓа до потполна идентификација на носителите на револуционерниот процес со суштинската мисија на туларемот. Така функционираат овие зачудувачки разгранети мрежи на субверзијата, деструктивно во однос на курентниот поредок, но бескрајно кохезивно во однос на целите на превратот и стратегиските концепти на туларемот.
Доколку се појават дисторзии и нарушувања во комплексните и разгранети мрежи на револуционерното дејствување, предавства, пенетрациии на агенти од владејачките структури, опстуркции на превратничката кауза или, пак, колебливост, ад хоксе формира, таканаречениот бунтовнички трибунал, со кој управува лично и персонално самиот туларем.
На овој трибунал туларемот и неговите соработници ги добиваат на увид обвинителните акти против сторителите на престапот и изрекуваат казни. Најчестите казни што ги изрекува овој трибунал, со кој раководи туларемот, се декаптации или отсекување на главите на предавниците и инфилтрираните агенти на позицијата. Доколку престапот е од техничка природа и не е релевантен за револуционерниот процес, казните се поблаги и се состојат во насилна дигестија на тегла отровни корнишони, од кои најчесто се добива осип на кожата и неколкудневно повраќање, проследено со исцрпеност и можни халуцинации. Казнетите револуционерки што се огрешиле од волјата на туларемот како казна добиваат силна пенетрација со муџахедински суџук, кој треба да го носат во своите меѓуножја најмалку една недела.
Инаку, сите револуционерни единки го обожаваат туларемот како свое божество и се подготвени да направат секакви нелегални дејства за да се здобијат со неговата наклонетост, а овој, пак, од своја страна, како израз на почит и задоволство ги наградува со оружје, компјутери и автомобили. Само најзаслужните добиваат пари кои им пристигнуваат на тајни сметки, отворени во странските банки.
Денес тулареми има насекаде по планетава, но најмаркантни од нив се оние кои дејствуваат во најжешките светски политички жаришта, каде што има вооружени судири од помал или поголем интензитет, како што се оние во Сирија, Украина, Авганистан, Ирак, Нигерија и други несреќни делови од светот. Без фанатичните тулареми насилството на земјата рапидно би се намалило, а би се зголемиле мирот и спокојот.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *