Лоза

Петок 13ти, змеј, трета среќа…

Во 12тата година од 21от милениум петок 13ти е три пати. Годинава почна со петок 13ти во јануари, Велики Петок е 13ти во месецов и во јули има уште еден. Меѓу секој од овие петоци има по 13 седмици. Веќе досадниот календар на Маите престанува на 13от бактун, кој што наводно го пресметале дека завршува годинава. За да не дојде наредната, 13та по ред?

А, додека цело Скопје ја чека 2014та, може да се потсети дека годинава во Кина е година на водниот змеј, исто како и месецов, за да како случајно и петокот со дата 13ти да е ден на змејот. Древните Кинези биле умешни астрономи, чие што сметање “држи вода” и ден денес. На 13ти април 2012та, планетата на војната Марс го престанува своето ретроградно движење. Ден на змејот во месец и година на истиот нема да има во наредните 12 години. Исто како што е ретко и во една година да има три пати петок 13ти (приближно на секои 11 години), а годинава интригира со тоа што е и престапна.

 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.