избор

Свети Наум и Света Марена

Кај нас во Tушемишта, се вели дека Света Марена му била сестра на Свети Наум. Таа е позната по своите чудотворства. Црквата Света Марена се наоѓа во Л’нга на планината Mокра. Kај неа се наоѓа убава пештера, во која има прекрасни сталактити и сталагмити. Камењата откај Света Марена се многу лековити. Нив луѓето ги чуваат во своите домови, ги носат со себе, а најмногу се познати за заштитување на малите деца од урокливи очи (од зарек). Се става каменот во вода и со таа вода се измива детето.
Братот Свети Наум и сестрата Света Марена на спротивните планини изградиле свои храмови наспроти еден кон друг за постојано да се гледаат. Правилното име на великомаченицата Марена е Марина. Таа е од Aнтиохија. По свирепо мачење на 15 или 16 годишна возраст била обезглавена за Христа околу 270 г. Се слави на 30/17 јули. Во народот е позната како огнена Марија зашто била господарка на огнот и заштитничка на посевите од пожари и од поројни дождови.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *