Свети Климент Охридски или Велички(Белички)?
пишува – Сашо Стојчев
Во најстарите ракописи и на Пространото житие напишано од блажен Теофилакт, и на Краткото житие чиј автор Хоматијан, св. Климент е наречен во првиот случај архиепископ словенски а во вториот случај епископ словенски. Со овие називи тој е ословуван од повеќемината автори од 19 век, кои пишувале за него. Иако св. Климент бил епископ на Велеград(Βελεγράδων) или Велички(Белички) владика и никогаш на бил епископ на град Охрид, сепак денес се прославува како Охридски. Во „Опширното житиие на Свети Климент Словенски“, напишано од Теофилакт Охридски се вели дека кога св. Климент и неговите собраќа пристигнале од Моравската мисија пристигнале во Белград, каде ги дочекал некој човек во чин боритикан. Во Првото житие на св. Наум се вели дека во Белград ги пречекал кнезот Радислав. Кнезот Радислав е истиот оној кнез Ростислав по чија молба светите Кирил и Методиј доаѓаат во неговото седиште , односно во Велеград . Поради тоа што тие биле многу изморени од долгото патување, кнезот ги оставил да се одморат некое време а потоа ги однел кај Борис. Општо е прифатено мислењето дека тогаш царот Борис се наоѓал во престолниот град Плиска(Преслав). Од тогаш Климент е во постојано содејство со царот Борис и неговиот син Симеон, односно црковно раководи со целиот Илирик.Нема сомнение дека епископскиот центар на св. Климент бил многу значаен политички центар . Блазиус Клайнер и неговата „История на България“ од 1761 год. за градот Охрид вели: Од сите градови во царството Бугарија, заслужено прво место се дава на градот Охрид, како поради исклучителната пофалба од страна на географите, која на овој град му се давазатоа што во текот на многу години е бил престолнина на бугарското царство, но и затоа што за Грците некогаш бил најстрашниот град во царството. Во сличен тон како Блазиус Клайнер говори и Краткото житие на св. Климент. Таму се вели: „Повеќе тој живееше во илирскиот град Лихнидос, метропола на околните градови, кој сега на мизијски јазик се нарекува Охрид, и во Кефалинија, која на бугарски(словенски) јазик се нарекува Главиница, каде што остави и споменици“Судејки по зборовите и од двата навода, веднаш може да се заклучи дека тие не се однесуваат на денешниот град Охрид. Како прво Охрид никогаш не бил седиште на Бугарското царство, а уште помалку во текот на многу години. Во времето на св. Климент, Охрид се наоѓа на самиот раб на тоа царство. Охрид никогаш не бил метропола на околни градови. Главиница и Девол кои се спомнуват не се наоѓаат во околината на Охрид туку во околината на Велеград(Бела). Дека е тоа така најдобар доказ покрај постоењето на локалитетот Главиница , во близина на Свети Николе е и картата Graecia Pars Septentrionalis aliter Macedonia, Thessalia & Epirus cum Tracia од 1826 год. на Tanner, Henry S., во која веднаш под Бела Зора, на латински јазик е напишано Vel Praesidium ad Cephalum.Vel Praesidium означува Велеград а Cephalum означува Главиница (Cephalos=κέφᾰλος=глава). Уште поиндикативен е податокот е кој го наведува Блазиус, дека овој град бил страв и трепет за Грците. За такво нешто нема никаква основа. Најстрашен град за Грците некогаш бил Велеград или Бела, кралската престолнина на македонските кралеви, од кои секако Грците имале зошто да се плашат.
Ако тогашниот политички центар, односно престолниот град на цар Борис се наоѓал во Преслав и Плиска, и ако знаеме дека Климент најголемата своја активност ја имал таму, тогаш дали неговото епископско седиште се наоѓа таму? Има многу јасни аргументи кои го потврдуваат ова мислење. Во Опширното житие на св. Климент, постојат неколку моменти кои мошне експлицитно укажуваат на тоа дека епископското седиште на св. Климент и престолниот град на цар Симеон, синот на цар Борис Михаил, се во непосредна близина. Имено кога св. Климент навлегол во длабока старост, почуствувал дека поради изнемоштеност нема да може успешно да ја води својата епископија, оди кај цар Симеон и го моли да биде ослободен од епископската служба, за тој , Симеон да се потруди да најде маж достоен да го замени и успешно да раководи со Беличката(Величката) епископија. Едноставно е невозможно да си замислиме дека изнемоштениот старец Климент, ќе тргне на пат долг 800 км. од местото каде се наоѓала неговата епископија, до месестото каде што се претпоставува дека се наоѓал Преслав, во Дунавска Бугарија. Понатаму во житието се вели дека кога Климент му ја искажал својата желаба, цар Симеон, од голема почит и голема желаба, св. Климент да подолжи да ја води епископијата, со големо уважување кон него го одбил и не му дозволил да ја напушти службата. Тогаш цар Симеон му вели: „Зошто така ми зборуваш оче? Како можам да гледам друг да седи на твојот престол додека си жив ти? Како би го лишил своето царство од твоите архиерејски благослови? Твоето откажување од архиерејскиот престол, за мене е кобен предзнак дека ќе бидам лишен од царскиот престол.“ Во овие зборови на цар Симеон, јасно е изразена поврзаноста на епископскиот престол на св. Климент, со царскиот трон на цар Симеон, и јасно е изразен фактот дека св. Климент е врховен архиереј во царството.Но исто така сосема е нелогично така значаен епископски престол, и врховниот ерхиереј во царството да се наоѓаат во епархија одалечена 800 км од престолниот град. Сите овие факти укажуваат дека Беличаката епископија и престолниот град Плиска ( Преслав ) се многу блиску, односно се едно. Дека е тоа така најдобро може да се видиво познатата Солунската легенда каде се говори и за опсадата на градот Солун од некои словенски кнезови, поточно од моравскиот кнез Десимир и преславскиот кнез Радивој. За овие настани во во Солунската легенда се вели вака: „Кога Бугарите(Словените) слушнааза мене, поточно моравскиот кнез Десимир и преславскиот кнезРадивој и сите бугарски кнезови, дојдоа заедно до Солун и три години водеа војна со Солун. Проливајќи ја својата крв велеа: „дајте ни го, Бог нам ни го испрати“. После тоа ме дадоа. Бугарите ме примија со голема радост и ме однесоа во град Равен на река Брегалница, и јас и напишав 35 знаци“. Од посочениот дел на Солунската легенда можат да се заклучи дека преславскиот кнез Радивој управува со овие краишта, односно дека градот Преслав се наоѓа во област во Македонија, бидејќи е сосема логично кога го зеле Кирила тие да се вратат во своите краишта. Ова особено станува јасно од факто што кога го земаат со себе Кирила од Солун го носат на Овче Поле во градот Равен. Дека градот Преслав се наоѓа во Македонија, во својата „История на България“ од 1917 год вели и д-р Ганчо Ценов, со тоа што тој претпоставува дека Преслав е денешен Прилеп. Сето ова покажува дека всушност не постоеле две книжевни школи, Охридска и Преславска, туку само една а тоа е школата на оние десетина најучени и од Бога просветени мажи, ученици на светите браќа Кирил и Методиј, чија активност најмногу била присутна на овие простори, а тоа е Брагалничката или Преславската школа во непосредна близина на македонскиот кралскиот град Бела и наговиот наследник Плиска. Во овој контекс, интересно е мислењето на рускиот славист Е. Н. Прижимова која говорејќи за пишаните извори за животот и дејноста на светите Седмочисленици, го посочува манастирот на св. Наум во Охридското езеро каде што се пишувале овие дела. Според неа:„ Таа традиција настанала во Охрид, како оддек на оние времиња, кога била активна Брегалничката школа, и Климент бил Кутмичевички епископ[.“ Тоа значи дека св. Климент бил епископ во Кутмичевица и дека во негово време постојала Брегалничка школа, а значајно е тоа што таа ги поврзува Кутмичевица и Брегалница. Рускиот славист Хабургаев Г. А., вели дека иако престолнината на Првото Буграско царство се наоѓа во источна Бугарија, во западните краишта на царството(денешна Македонија) цвета христијанството, се создаваат голем број на епархии и таму се развива словенската писменост. Тој се обидува ова нелогичност да си ја објасни со значењето на Охрид како црковен и просветен центар. Но црковно градителска и просветна активносте е најсилна токму Овчеполско-Брегалничкиот крај и тука доаѓа до полн израз и активноста и иницијативноста на световната власт(цар Борис) но и духоно-просветната активност на духовните власти предводени од св. Климент епископ Белички. И затоа е сосема логично и световниот центар, престолниот град Плиска и дворецот-тврдина Преслава подоцна и градот Велики Преслав и духовниот центар епископијата Бела, да се наоѓаат токму во овој крај Кога постојат индиции дека Велеград, Преслав, Плиска и Охрид се посочуваат како седишта на Климента, тогаш што ги поврзува сите овие места? Тоа најдобро може да се види од етимологијата на нивните имиња. Според Евгений Евсигнеевич Голубинский, кој се повикува на Ана Комнен, Преслав бил познат и како Мегапол(μεγаπολις) што во превод значи Велеград(μεγᾰ=голем,-πολις=град). Преслав уште се викал и Маркијанопол, по царот Маркијан, додека Велеград уште се викал Пулхериопол, по царицата Пулхерија, жената на царот Маркијан. Етимологијата на Плиска мнозина бугарски етимолози ја одредуваат како Блескава, Светла, Бела а се среќава и како Сончев град. Сите овие имиња јасно асоцираат на Бела, како што и се именувал Велеград. Охрид е познат и како Лихнидос(Λυχνιδός) и Ахрид. Лихнид во својата основа го има зборот Лих( Λυχ) што значи „светол“ или „бел“. Λυχ се чита и како „лукс“, а лукс е единица мерка за светлина, што значи дека името Лихнид значи „светол“ или „бел“ што јасно асоцира на Бела. Од сето изнесено е јасно дека сите овие имиња се однесуваат на ист град, престолниот град и градот седиште на светиот Климент. По неговото блаженото упокојување св. Климент е погребан во својот град, во манастирот Свети Пантелејмон, во Велеград, во истиот град каде почиваат моштите и на неговиот претходник светиот Методиј. И св. цар Борис е погребан во манастир Свети Пантелејмон. Ако се има во предвид дека Велеград и Преслав(Мегапол) се еден ист град, тогаш станува јасно дека и св. Климент и св. цар Борис се погребани во еден ист манастир, а тоа е манастирот Свети Пантелејмон кој се наоѓал во градот Велеград, каде Борис царувал а светиот отец наш Климент епископувал, и по чии молитви Господ сите да нè помилува и спаси.
Превземено од Сашо Стојчев