Македонија

Страјк – Кутија

Конечно heart и hard core на едно исто место, брутално искрено, рамо до рамо со Сафизам на САФ од пред многу години, Кутијата на Страјк издадена во 2011та започнува со силни македонски рими уште во самото интро, и ни овозможува патување низ суровата реалност на самиот автор, аналогна со реалноста на многу млади луѓе во Македонија. Премиерен соло албум на изведувачот, после изданието како член на дуото СТР2 пак ни доловува директна  нарација од прво лице во повеќето текстови, и совршено, дури вознемирувачко редење на рими во трето

Темите опфатени во албумот претставуваат едно современо, ново прикажување на маките кои и силно ја реметат нашата младина, реални, социјални и болно вистински – на ниво на вистинска современа поезија. Бизарен ко Мi3aP, неговите зборови и те како нè замолкнуваат во тишина. Навидум мрачната конструкција на стиховите сепак е преполна со чисти потсетуања дека сепак, животот е убав, како и со директни пораки од типот на Убива болест, но убива и љубов . Музичката позадина на која што римите на овој артист течат беспрекорно одекнува со семплови од македонски евергрини и совршен, нов македонски хип-хоп ритам. Неколкуте проникливи делови на англиски јазик, исто како и римите на поетот, ја испраќаат чистата порака – зачувување на основните човечки вредности,принципи и начела, меѓусебно почитување, прифаќање и разбирање на човека како битие кое што сепак живее во надеж Дај им го светот, дај им го цело небо, дај им го цел живот уште еднаш од почеток, дај ми само уште еден ден во моите очи.  Посветеноста на артистот на хип-хоп културата, и неговата лична сестраност(создава не само текстови , туку и музика, графити…) го става на заслужено  место на современи македонски поети, од кој што многумина самопрогласени писатели, поети, mc-ја, но и млади надежни автори можат да научат…многу.

Текстовите во албумот Кутија не само што вршат реминисценција на астралното патување на бардот на македонските рими – Митко Пикисипи од САФ, Присутниот џган да не нè става в уста од Тетовирање, КУМ  на Марио Пузотуку и отвараат очи за вистинските настани во нашето секојдневие сите знаат сфаќаш, дека за грев плаќаш; ангели во тие луѓе, па дали доброто и љубовта се од тие луѓе…демони од овој свет студен; последно танго со ѓаволот после полноќ; па сега глеј, се казнуваат ко Opus Dei…целиот албум преку ваквите зборови си е кутија самиот по себе, спакувана идеално за да личи на Пандорината. Длабоко, вешто, професионално иако патот до среќата е тежок…
Дедо Варадин, ЛОЗА 2012

Минатиот месец артистот го промовираше својот втор албум, насловен Земен Рај.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *