Коментари

Сложно Свети Николе! Отворен повик до јавноста

Здраво живо, почитувани читатели. Ве повикуваме на максимално внимание и будност за ситуацијата во која што се наоѓаме сите заедно.

Благодарност до сите медицински лица од Свети Николе кои се н првата борбена линија во новонастанатата ситуација. Благодарност до Противпожарната единица при Општина Свети Николе за започнување со дезинфекција на градот, по што беа поддржани од локални земјоделци кои со нивните трактори ја олеснија работата на пожарникарите. Благодарност и до Општината за поттикнување на дезинфекцијата и конфекциите кои сошија маски и почнаа со бесплатна распределба.

Во редакцијата на OVCEPOLE.MK утре пристига пакет со маски од Боко – Текс Свети Николе кои ќе бидат распределени на пензионерите чии роднини нè контактираа преку нашата фејсбук страница. Доставата ќе ја извршат членови на Мото Клубот Свети Николе.

По информациите кои ги добивме од ЈЗУ Здравствен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе, во нашата општина засега нема заболени од новиот вирус, и сите се надеваме дека тоа така и ќе остане! На медицинскиот персонал му се потребни:

25 заштитни визири

100 + скафандери

3000 + ракавици

1000 + маски со филтер

И покрај досегашните донации, работата на локалната самоуправа и напорите на медицинскиот персонал, би било убаво доколку им се помогне со набавка на гореспоменатите потребни заштитни средства.

Доколку сте во странство, а имате роднини овде кои се повозрасни и немаат маски – пишете ни! Доколку познавате луѓе кои немаат финансиска можност за да си купат маски, исто така! Добивме абер од уште една конфекција за донација на маски, кои следната недела би ги разделиле на оние кои ќе ни пишат во текот на викендот, а дел би оставиле и во градската црква „Свети Николај“ во Свети Николе.

Во Свети Николе се забележува групирање на млади луѓе во поголем број, па упатуваме апел за ВОЗДРЖАНОСТ, ТРПЕНИЕ, МИР и СЛОГА! Истото важи и за сите кои чекаат ред во продавниците.

Слободно пренесете го ова и на месните заедници во селата, доколку им е нешто потребно, а можеме да им се најдеме – тука сме!

За конфекциите да можат да донираат маски, тие кои можете – купете количини кои Ви се потребни, со тоа ќе им ја поддржете работата.

Сите продавници кои се затворени, а сакаат да продаваат преку интернет, исто така можат да ни се обратат за соработка.

Со почит,

од редакцијата

www.ovcepole.mk

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.