Превземено

МИА: Ракот може да се превенира

Вашингтон,  30 март 2012 (МИА) – Повеќе од половината од сите канцерогени заболувања можат да се превенираат, тврди новата студија која ја спроведоа истажувачи од универзитетот од Вашингтон.

– Имаме огромен број податоци за причините на ракот и негова превенција. Време е да вложиме средства и да го имплементираме знаењето, изјави Грахам Голдиц, директор на Центарот за превенција и контрола на ракот.

Врз основа на достапните податоци, пушењето и исхраната, како и комплетниот начин на живот значително влијае на заболување од рак. Само пушењето е одговорно за третина од сите случаи на рак во САД, а на прекумерната телесна тежина и претилост отпаѓаат 20 отсто од случаите.

Како најголеми пречки за успешна превенција на ова заболување лекарите го наведуваат скептицизмот дека ракот може да се спречи, доцна откривање на болеста и истражувањата со акцент на лекувањето, а не на спречувањето.

Се проценува дека секоја година во САД се евидентираат 1.639.910 случаи на карцином, а повеќе од половина милион Американци очекуват да умрат од рак оваа година. Само од болести на срцето умираат повеќе луѓе.

Голдинц и неговиот тим сметаат дека сите сили е потребно да се насочат во промовирање на здрав стил на живот и заговарање за брзо укинување на трансмастите од употреба, како и поголема контрола во тутунската индустрија.

– Ако сакаме да го смениме здравјето, мораме да ја смениме политиката, тврдат американските истражувачи.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *