избор

Радиестезија

.
 
Името потекнува од два збора: латинскиот radiare-зрачење и грчкиот aisthanomai-чувствување. Од тука може да се заклучи дека радиестезијата претставува способност за чувствување на зрачењата. Тешко е да се одговори од кога е присутна радиестезијата. Првите пишани документи датираат од 2590 год. п.н.е. Келтите, Египјаните, Персијанците, Медејците, древните Македонци рашларството го користеле при избор на локациите за живеење, пронаоѓање на питка вода, руди и сл.
Во средниот век употребата на чапоршките завзема видно место особено во потрага на рудните богатства. Тогашните верувања според кои чапоршките се раководени од надворешни сили се отфрлени. Започнала новата ера на употребата на истите како помошни помагала при што главен фактор е човекот со својот природен сензибилитет.
Првите позначајни испитувања за редиестезиската способност се направени од страна на Јоханес Валтер, доктор на науки по геологија и палеонтологија (1860-1973). Тој своите истражувања ги спровел на 400 свои студенти. Ги прател нивните реакции додека тие со своите чапорошки поминувале преку зоните на зрачење. Резултатите покажале дека побурно реагираат студентите со нагласен сензибилитет. Реакциите се манифестирале како нервна раздразливост, покачен крвен притисок, забрзување на пулсот.
За време на првата светска војна во австроунгарската војска се наоѓале рутенгангери (трагачи по вода). Тие луѓе биле оспособени со помош на чапарошките да пронајдат питка вода за потребите на воените единици. Тоа било причина да се ископаат стотици бунари на ваков начин. Колевката на модерната радиестезија е Венеција, од каде во 19 век започнува да се шири ширум Европските земји, а и САД, каде и денес се посветува огромно внимание, како од научен така и од практичен аспект. Во втората половина од претходниот и овој век д-р Стојан Велкоски има изработено повеќе истражувачки проекти во полето на Радиестезијата. Добиени се низа резултати во однос на психо-физичката и здравствената состојба кај луѓето кои биле изложени на геопатогени или космички извори на зрачења.
Во многу светски институти кои се занимаваат со проучувањето на парапсихолошките феномени се истражува и полето на радиестезијата. Впрочем, не се одржал конгрес на парапсихологија на кој не се одбележани феномените од областа на радиестезијата. Денес во светот има голем број на професионални институции и институти, меѓу кои и “Сончев зрак”, кои професионално се занимаваат со радистезијата.
Радиестезијата се користи во секојдневието на човекот. Најактивно се применува во геобиологијата, хидрологијата, археологијата, овоштарството, земјоделството, традиционалната медицина, изборот на здрава храна и сл. Таа може да се подели на два дела, и тоа: физичка и ментална. Првата е ограничена со примена на помагала на лице место, за разлика од вториот вид, за кој не постои временска и просторна граница. Во радиестезијата најчесто се користат разни помагала, како што се нишала, механички сензори и други направи и инструменти, кои користејќи го човековото магнетно поле или аурата, реагираат на зрачењата. Сите овие помагала се користат од страна на професионално обучени лица со долгогодишно искуство.
извор

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *