Македонија

За проѕевањето


За проѕевањето се вели дека било грешно и заразно. Се претпоставува дека доаѓа од злобно место во срцето, кое што се сподготвува за примање на зол дух. Во средниот век заедничко верување било дека ѓаволот секогаш чека можност да навлезе во човечко тело и така да го опседне. Сатаната секогаш влегувал преку устата; кога ќе чекал подолго време, а човекот не ја отварал устата, ѓаволот го терал да се проѕева, и тогашму скокал внатре низ грлото. Затоа кога се проѕевале, луѓето често си ги заштитувале телата со правење на знакот на крстот врз устата, па така Сатаната не успевал да влезе, бидејќи неможел  да го помине овој знак.
Персијците ги опишуваат проѕевањето и кивањето како демонска опседнатост. Кај Муслиманите, кога млад човек ќе се проѕевал, ја ставал задната страна од дланката на уста, велејќи Барам засолниште со Алах, засолниште од Сатаната, проклетиот.
Хиндусите го сметале проѕевањето како знак за претстојна опасност. За да се заштитат, кога се проѕевале пукале со прстите три пати и повикувале некое божество. Било несреќа ако ова се изостави. Еден Индиски император еднаш се проѕевнал и неговиот советник ја му ја пикнал раката во уста.
Проѕевањето е знак на разочарување.
Се вели дека ако некој се проѕева или зјае, неговиот/нејзиниот љубовен партнер го прави истото.
Двајца кои што се проѕеваат симултано – знак дека еден од нив наскоро ќе се разболи.
Добар знак е, и кај луѓето и кај животните, ако се проѕеваат кога се болни, како знак за оздравување.
Ако човек сака да престане да зјае, мора да направи крст со прстите врз устата.

Кога некој се проѕева, нашите повозрасни сеуште знаат да речат: Ќе нè голтнеш!

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *