Превземено

Црни дупки, темна материја – сè е тука, немо а присутно

.
 
Ние само знаеме дека се таму бидејки можеме да ги почувствуваме во темнината… Да ја почувствуваме нивната гравитација. Како криенка играна на летна ноќ без Месечина, само знаеме дека црните дупки и темната материја постојат бидејки можеме да ја почуствуваме масата која не брка подалеку од  тоа што можат да го видат нашите очи. Има ли чудовишта таму надвор? Масивни црни дупки се пронајдени во галаксии со масивни халоа од темна материја.

 
NGC 6503 пример на галаксија со масивно хало и мала црна дупка

Галаксии како нашиот млечен пат се составени од милијарди ѕвезди, гас и прав. Но има и две други важни компоненти кои не емитираат светлина и можат да се осетат само преку нивната гравитација. Сите галаксии се обвиткани во халоа од темна материја која се протега позади видливиот крај на вселената и доминира во нејзината тотална маса. Оваа компонента неможе да се набљудува дирекно но може да се измери преку нејзиниот ефект на движењето на ѕвездите, гасот и правта.
Другата невидлива компонента е супермасивната црна дупка во центарот. Нашиот Млечен Пат има црна дупка која е четири милиони пати потешка од нашето Сонце. Како и да е исто така оваа компонента неможе да се набњудува дирекно, масата на црната дупка може да се регистрира само преку движењето на ѕвездие околу неа. Има шпекулации дека темната материја некако влијае на растот на црните дупки.
Истражувајки галаксии со масивни темни халоа дојдено е до претпоставка дека темната материја не влијае на растот на црната дупка туку гасот во нивната околина кога галаксиите се формирале.
Црните дупки сами по себе се интересни објекти на небото, како и во целата природа. Овие небесни тела имаат огромна гравитација, толку голема што дури ни светлината не може да излезе од неа.  Можеби се очекува при судирот на два гравитацски колосални џинови да се образува трета, но истражувањата вршени со популарниот “Хабл” (Hubble Space Telescope) навестуваат дека при судир на галаксии со супермасивни црни дупки овие сингуларитети, всушност излегуваат од центарот на галаксиите, во кои најчесто се сместени. Овие тврдења се поткрепени со набљудувањата каде на големите и светли галаксии, со силни гравитациски полиња им е потребна поголема енергија да ја исфрлат евентуалната црна дупка од нивниот центар. Преслабите гравитациски “удари” доведуваат црната дупка да го напушти центарот на галаксијата, за подоцна повторно да се врати. Иако не е забележано дека исфрлањата на црните дупки навистина се случуваат, сепак оваа теорија го објаснува нивното отсутство во џуџестите галаксии и збиените јата.

Кандидати за проверка на оваа хипотеза се всушност, судирите на масивните галаксии. На оваа фотографија од “Хабл” прикажан е судирот на NGC 2207 (поголемата галаксија од левата страна) и IC 2163. Со взаемно гравитациско дејство на овие галаксии се придонесува до мешање на нивните супстанции, при што за неколку милијарди години овие галаксии ќе се соединат во една.
Оваа драма од Големото куче од нас е оддалечена 114 милиони светлински години и е добар кандидат за пребарување на изгубени црни дупки. Координати (Ј2000):Р.А.06ч. 16м. 24,9сек., Дек. – 21˚ 22’ 26’’.

 

 
Научници го симулираа ефектот од поминувањето на прастари црни дупки низ ѕвезди. Овие прастари црни дупки се меѓу објектите за кои се претпоставува дека ја сочинуваат темната материја – невидливата супстанца од која е составен поголем дел од универзумот. Астрономите би можеле да го искористат овој модел за конечно да ги набљудуваат овие црни дупки. Сликата погоре ги илустрира вибрациските бранови кои се резултат на поминувањето на прастари црни дупки (претставени како бели точки) низ центарот на една ѕвезда. Различните бои кореспондираат со густината на прастарата црна дупка и јачината на вибрациите. (Tim Sandstrom)

Дали прастарите црни дупки се клучот за темната материја? Постдокторските истражувачи Шраван Ханасоге (Shravan Hanasoge, Princeton’s Department of Geosciences) и Мајкл Кесден (Michael Kesden, NYU’s Center for Cosmology and Particle Physics) направиле компјутерски модел кој визуелизира поминување на прастара црна дупка низ ѕвезда. Тие велат дека ѕвездите се транспарентни во однос на преминот на прастарите црни дупки, а служат како сеизмички детектори за такви објекти. Според нив, гравитациското поле на тие црни дупки ја притискаат ѕвездата и предизвикуваат таа да ѕвони акустично.
Доколку ваквите прастари црни дупки навистина постојат, тогаш шансите се големи дека вакви судири со ѕвезди се случуваат во нашата галаксија, и тоа често. Со сѐ повеќе телескопи и сателити кои го набљудуваат ѕвезденото соседство, разумно е да претпоставиме дека порано или подоцна ќе фатиме некој од овие настани. Но, најважната работа е да разбереме што всушност бараме. Компјутерскиот модел развиен од Ханасоге и Кесден може да се користи со моменталните техники за ѕвездени набљудувања за да се добие попрецизен метод при детекцијата на прастарите црни дупки од веќе постоечките.
Постои големо прашање за тоа од што е составена темната материја, и доколку прастара црна дупка е пронајдена, таа ќе ги дополни сите параметри. Тие имаат маса и моќ да влијаат директно врз други објекти во универзумот, а притоа немаат никакво влијание врз светлината. Идентификувањето на ваква прастара црна дупка би имало длабоко значење за нашето разбирање на раниот универзум и темната материја.
Секако, досега ја немаме видено темната материја, но она што можеме да го видиме се галаксии кои се претпоставува дека ги зголемиле своите ореоли од темна материја и притоа да ги проучиме ефектите кои гравитацијата ги има на материјалот во галаксијата како гасовитите региони и ѕвездите. Доколку новите модели се точни, прастарите црни дупки би требало да бидат потешки од постоечката темна материја и нивните судири со ѕвезди би требало да предизвикаат брановит ефект. Замислете како боцкате балон полн со вода и набљудувате како водата се бранува внатре. Тоа би било слично со вибрациите на површината на ѕвезда која е во судир со прастара црна дупка изгледа. Гледајќи како површината на ѕвездата се мрда, можете да претпоставите што се случува внатре во нејзе. Доколку црна дупка помине низ нејзе, површината би вибрирала.
извор: Скопско Астрономско Друштво – САД 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *