КоментариПревземено

Како политиката се храни од човечката енергија

Политиката троши време, енергија и ресурси кои што можат да се употребат на друг начин, за општокорисни цели. Креира разделување на популацијата преку понуда на мал избор, за потоа да ги позиционира опциите за избор како заеднички непријател. Политиката ја нулира вредноста на потенцијалните најефективни членови на општеството, така што форсира страстни конформистичко настроени индивидуалци. Им дава лажна надеж на оние кои ретко мислат со сопствена глава, и ги втурнува во борба каде што веруваат дека позитивно влијаат на светот преку кликање на копче, нормално откако ќе им се каже да го направат истото.

Политиката го уништува човечкиот природен идеализам преку фрагментација на нашите најголеми идеи во мали делови, кои што тешко имаат смисол кога се извадени од контекст. Ни дава лажна импресија за она што навистина значи човечка цивилизација. Забранува на луѓето да го достигнат својот највисок општествен потенцијал. Политиката ги штити најголемите криминалци во општеството, така што им обезбедува простор за маневар, додека обичните смртници се борат за гол живот. Политиката конзумира апсурдни количини на финансиски и материјални ресурси.

Го оддалечува човекот од мирниот свет во кој што му е дадено да живее и најголемиот подарок наречен живот, сè додека повеќето не почнат да веруваат дека вистинскиот начин за постоење е корупција, манипулација и газење преку живи луѓе. Ја навредува нашата интелигенција со нисковибрантната пропаганда. Политиката ја изнемоштува нашата спиритуална енергија, така што се поставува како авторитет во секојдневието и го намалува човечкиот интуитивен капацитет и волја да трага по спиритуалната вистина.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *